Уште два потврдени случаи на Ковид-19 во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

Позитивни на Ковид-19 се уште двајца мигранти во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, кои биле сместени во близина на шаторот на 40-годишниот бегалец од Сомалија кој беше првиот потврден случај, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Прифатниот центар од средата е во карантин, а Националната организација за јавно здравје на Грција започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, а целта е да се направат 2.000 тестови.

Според медиумите од островот, двајцата потврдени случаи се од првите 500 тестови.