Во Хрватска нови 311 заразени, двајца починаа
Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека во последните 24 часа во земјата има нови 311 заразени со корона вирус, а двајца починале.
Тестирани биле 3.939. Во Хрватска во моментот има 2.771 активни случаи, а од нив 285 се на болничко лекување. На респиратор се 19 луѓе.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска се забележани 11.739 заразени, од кои 197 починаа, а 8.771 оздравеа.