Во Босна и Херцеговина нови 296 заразени од корона вирус


 

Во Босна и Херцеговина денеска од полседиците на Ковид-19 починаа 12 пациенти, а регистрирани се нови 296 заразени со корона вирус.

Во Федерацијата тестирани се 945 од кои 227 се позитивни. Досега се тестирани вкупно 125.888, а корона вируст е потврден кај 13.421 лица.

До денеска, во Федерацијата излечени се 9.639 пациенти, а активни се уште 3.411 случаи.

Пријавени се шест починати пациенти, со што вкупниот број жртви изнесува 371.

Во Република Српска пак, извршени се 572 тестирања, а Ковид-19 е потврден кај 69 лица. Исто така, починале шест пациенти.