Со возило излетал од патот, возачот тешко повреден


Во петокот, во 20.30 часот на магистрален пат Радовиш-Штип во близина на раскрсница за село Бучим патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М(41) од с.Огњанци-Петровец, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и бил пренесен во Клинички центар Штип. Известене јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.