Борко Ристовски го однесе Вардар во финалето на СЕХА лигата


Вардар ќе има шанса да ја брани титулата во регионалната ракометна Сеха лига, откако вечерва на пенали го победи ППД Загреб со 30:29.

„Црвено-црните“ се наоѓаа пред пораз, но во последните десетина минути на сцена стапи голманот Борко Ристовски кој спречи неколку чисти погодоци на противникот, а во пенал серијата одбрани два удари и го однесе својот тим во финалето.

А дека ќе биде така не изгледаше до самиот финиш. Загре

пчани првата посериозна предност ја создадоа во првото полувреме од 17 до 23. минута кога од 8:9 направија серија од 5:0 за водство од 13:9. „Црвено-црните“ резултатски се вратија во игра, намалија на 13:14 во 28. минута и имаа напад за израмнување. Сепак на полувреме се отиде со резултат 16:13 за хрватскиот шампион.

Во вториот дел, Загреб по само четири минути дојде до +5 (19:14), а на девет минути пред крајот по втор пат имаше највисоки шест разлика (24:18). Следуваше серија од пет гола на Вардар за враќање на неизвесноста и 24:23 во 56. минута. Во 28. минута Вардар напад за израмнување, но тоа што не им успеа тогаш, се случи со звукот на сирената за 26:26 по 60 минути игра.

Покрај Ристовски со 10 одбрани, во победничкиот тим се истакнаа Кристијан Дисингер и Тимур Дибиров со по шест гола.

Во финалето, вардарци в недела ќе играат со Веспрем, додека Загреб во меч за 3. место ќе се сретне со Мешков Брест од Белорусија