Екологисти блокираа пристап до британски печатници на весници


Активисти на британско здружение за борба против климатски промени, во знак на протест го блокираа пристапот до три печатници во Британија затоа што, како што тврдат, весниците отпечатени во нив не известуваат за вонредната еколошка и климатска состојба.

Печатниците се во сопственост на медиумскиот магнат Руперт Мардок, а поради блокадата дистрибуцијата на неколку весници од неговата компанија „Њуз корпорејшн“ (Тајмс/Дејлли Телеграг/Сан) е оневозможена или забавена.

Според Би-Би-Си, вкупно над стотина демонстранти учествувале во блокадата на печатниците, а полицијата привела 13 лица.

Здруженијата на печатници го осудија протестот како „напад врз целиот слободен печат“, но посочија дека, благодарение на партнерите во индустријата, печатењето весници продолжува на други локации.