Спасовски за новогодишните празници: Ги следиме објектите кои се издаваат за прослава и ќе преземеме мерки


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето гостување на ТВ21 кажа какви мерки ќе бидат преземени за време на престојните новогодишни и божиќни празници. – За празниците очекуваме некаков став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос на проценката која ќе се направи проценка за ризик. Ние во МВР …

Спасовски за новогодишните празници: Ги следиме објектите кои се издаваат за прослава и ќе преземеме мерки Read More »

ЕУ се согласи да ја зголеми целта за намалување на емисиите во 2030 година на 55 проценти


Лидерите на ЕУ27 се согласија да ги намалат емисиите на јаглерод за најмалку 55 проценти до крајот на деценијата, во споредба со нивото од 1990 година, што е голем чекор напред од сегашната цел. – Европа е лидер во борбата против климатските промени, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. – Одлучивме да ги намалиме емисиите …

ЕУ се согласи да ја зголеми целта за намалување на емисиите во 2030 година на 55 проценти Read More »

Во Берлин уапсен главниот осомничен во снимањето на аферата „Ибица“


Германската полиција го уапси главниот осомничен за снимањето на таканаречената афера „Ибица“, со која беше соборен врвот на Австриската партија за слобода (ФПО), а потоа и австриската Влада. Станува збор за приватниот детектив Џулијан Х., кој се криел во Берлин. Детективот бил специјалист за индустриска шпионажа и заедно со виенски адвокат важи за  „мозокот“ на …

Во Берлин уапсен главниот осомничен во снимањето на аферата „Ибица“ Read More »

Во САД егзекутиран осуден криминалец


САД го егзекутираа осудениот криминалец Брендон Бернард, и покрај приговорите од некои поротници на неговото судење кои побараа од администрацијата на Трамп да покаже милост. Смртта на Бернард е деветто погубување откако јавниот обвинител Вилијам Бар на почетокот од годинава продолжи да ја применува федералната смртна казна по пауза од 17 години. Бернард беше осуден на …

Во САД егзекутиран осуден криминалец Read More »

Советот на Агенцијата за храна и лекови на САД препорача итно одобрување на вакцината „Фајзер“


  Советот на американската Агенција за храна и лексови препорача итно одобрување на вакцината против корона вирусот која ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, Се верува дека препораката најавува и конечно одобрување. Акот се случи тоа, се смета дека ќе се направи пресвртница на пандемијата во САД каде од корона вирус починаа повеќе од 285.000 …

Советот на Агенцијата за храна и лекови на САД препорача итно одобрување на вакцината „Фајзер“ Read More »

Нов негативен рекорд во Германија- речиси 30.000 новозаболени од корона вирус во еден ден


Продолжува зголемувањето на бројот на заболени од корона вирус во Германија, а институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти нови, алармантни податоци за бројот на новозаболени –  29.875, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, јавуваат британските медиуми. Во споредба со четвртокот наутро „Роберт Кох“ соопшти дека има 23.679 новоинфицирани лица, …

Нов негативен рекорд во Германија- речиси 30.000 новозаболени од корона вирус во еден ден Read More »

Не е најден авионот што исчезна над Козара, во него биле Романка и Србин


  Мал авион, вчера во попладневните часови, исчезна во Босна и Херцеговина, на подрачјето на Козара, а сè уште не е лоциран, покрај интензивната потрага која траеше до полноќ. Според АТВ, во авионот за кој од полицијата велат дека паднал, биле 31-годишна државјанка на романија и 34-годишен државјанин на Србија. Во потрагата се вклчени полицијата …

Не е најден авионот што исчезна над Козара, во него биле Романка и Србин Read More »

Заврши судењето на Саркози, пресуда на 1 март


Судскиот процес против поранешниот француски претседател Никола Саркози во аферата против корупцијата и трговија со влијанија заврши вчера во Париз, а одлуката на судот е закажана за 1 март 2021 година. – Сè уште имам доверба во правдата на нашата земја, рече Саркози, чие судење почна на 23 ноември. Судењето заврши со изнесување на ставот на …

Заврши судењето на Саркози, пресуда на 1 март Read More »

Пукање во центарот на Белград, ранет маж однесен на реанимација


  На белградски Врачар утрово се пукало, при што ранет е еден маж, пренесоа српските медиуми. Мажот со амбулантно возило е пренесен на реанимација во Ургентниот центар, пренесе Танјуг. Повикот до брзата помош стигнал рано утрово во 6.34 часот. Нема детали за немилиот настан. Полицијата не знае кој пукал, а не се открива ни идентитетот …

Пукање во центарот на Белград, ранет маж однесен на реанимација Read More »

Даниловски: Очекувам да опаѓа бројот на починати


За епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски, вчерашниот рекорден број на 46 починати, претставува една вообичаена статистичка варијација, а просекот на починати во изминатата недела е околу 30 дневно. – За среќа нема нагорен тренд, туку тој просек има рамен тренд. Се надевам дека наскоро ќе помине и во надолен тренд. Тоа нема да се случи …

Даниловски: Очекувам да опаѓа бројот на починати Read More »

Саудиска Арабија е четврта земја што ја одобри вакцината на „Фајзер“


  Саудиска Арабија денеска ја одобри вакцината против корона вирусот на партнерските компании „Фајзер“ и „Бионтек“, објави официјалната државна новинска агенција СПА. Со тоа стана четврта земја во светот кој ја одобри оваа вакцина. „Саудиската агенција за храна и лекови (СФДА) ја одобри регистрацијата на Фајзер-Бионетк вакцината за Ковид=19 на територијата на монархијата“, се наведува …

Саудиска Арабија е четврта земја што ја одобри вакцината на „Фајзер“ Read More »

Рама побара извинување од семејството Раша и ја соопшти оставката на министерот Лешај


Додека пред Министерството за внатрешни работи се одржува вториот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски службеник, албанскиот премиер Еди Рама преку видео порака јавно побара извинување од семејството на момчето. Тој исто така соопшти дека првиот полицаец Сандер Лешај си поднесол оставка од морални причини. Рама рече дека …

Рама побара извинување од семејството Раша и ја соопшти оставката на министерот Лешај Read More »

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за седумгодишниот заеднички буџет


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вечерва потврди дека е постигнат договор за повеќегодишниот заеднички буџет и Пакетот за закрепнување. Мишел, кој претседава со состанокот на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ во Брисел, на својот профил на Твитер напиша дека сега може да почне спроведувањето на буџетот и да се работи на закрепнувањето …

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за седумгодишниот заеднички буџет Read More »

Французите се спасија од полициски час за Божиќ, Нова Година е жртвувана


Соочен со повторното влошување на индикаторите за епидемија, премиерот на Франција Жан Кастекс уште еднаш упати предупредување  за циркулацијата на Ковид-19. Тој ги покани Французите да останат будни за време на прославата на празниците, за да можат да се надеваат дека ќе го поразат вирусот. Една недела од постепеното излегување од делимичмиот карантин, планиран за …

Французите се спасија од полициски час за Божиќ, Нова Година е жртвувана Read More »

Англија им плаќа на граѓаните да се самоизолираат


Англискиот систем за тестирање и следење на Ковид-19 овозможува исплата на поддршка од 500 фунти на луѓето, кои ќе се самоизолираат откако ќе добијат позитивни резултати на тестот за Ковид-19 за да се забави ширењето на Ковид-19. Досега заразените лица се следеа преку програмата за следење на контактите преку телефон, електронската пошта или пораките, но …

Англија им плаќа на граѓаните да се самоизолираат Read More »

Во Албанија 14 жртви и 873 новозаразени од Ковид-19


И во последното деноноќие има високи бројки на новозаразени и починати од Ковид – 19 во Албанија, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита, упатувајќи апел до граѓаните да се избегнува било какво собирање. -Во изминатите 24 часа тестирани се 2.714 сомнителни случаи, а опасниот врус е дијагностициран кај 873 лица, што е над 32 …

Во Албанија 14 жртви и 873 новозаразени од Ковид-19 Read More »

Грк пронајден мртов во стан во Гевгелија


Во полициската станица во Гевгелија во утринските часови на 9 декември било пријавено дека во апартман во градот бил пронајден починат 46-годишниот грчки државјанин со иницијали S.A. Починатиот имал привремен престој во Гевгелија, а од страна на доктор од итната медицинска помош констатирана била смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила …

Грк пронајден мртов во стан во Гевгелија Read More »

Во Грција 1.534 нови случаи и 81 починат од Ковид-19, утре ќе се знаат мерките за празниците


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 81 смртен и 1.534 нови случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3.370 смртни случаи од Ковид-19 и 121.253 заразени лица. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис утре напладне …

Во Грција 1.534 нови случаи и 81 починат од Ковид-19, утре ќе се знаат мерките за празниците Read More »

Новозаболени се 929 луѓе, а од Ковид-19 починаа уште 28 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 417 -Куманово 40 -Штип 20 -Прилеп 47 -Тетово 46 -Струга 31 -Велес 39 -Битола 46 -Охрид 33 -Кавадарци 23 -Гостивар 37 -Гевгелија 11 -Струмица 32 -Крива Паланка 7 -Радовиш 2 -Крушево 1 -Кочани 22 -Пробиштип 1 -Демир …

Новозаболени се 929 луѓе, а од Ковид-19 починаа уште 28 пациенти Read More »

Во Турција зголемен бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19


Во Турција во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починаа 220 луѓе, соопшти денеска турското Министерство за здравство. Тоа е пораст во споредба со претходниот ден, кога починаа 217 луѓе. Од почетокот на пандемијата во Турција од последици од Ковид-19 вкупно починаа 15.751 човек. Бројот на новозаразени за еден ден е зголемен за …

Во Турција зголемен бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 Read More »