Во Грција 1.534 нови случаи и 81 починат од Ковид-19, утре ќе се знаат мерките за празниците

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 81 смртен и 1.534 нови случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3.370 смртни случаи од Ковид-19 и 121.253 заразени лица.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис утре напладне ќе ги соопштат мерките за божиќните и новогодишните празници.