Не е најден авионот што исчезна над Козара, во него биле Романка и Србин


 

Мал авион, вчера во попладневните часови, исчезна во Босна и Херцеговина, на подрачјето на Козара, а сè уште не е лоциран, покрај интензивната потрага која траеше до полноќ.

Според АТВ, во авионот за кој од полицијата велат дека паднал, биле 31-годишна државјанка на романија и 34-годишен државјанин на Србија.

Во потрагата се вклчени полицијата на Република Српска, антитерористичката единица, цивилната управа, локални ловци, граѓани и планинари.

Синоќа на терен имало и 50 припадници на едицината за Цивилна заштита, а потрагата продолжи утрово.

Во авионот кој се враќал од Велика Кладуша за Бања Лука биле пилотот и операторот, а превезувале вакцини за животни.