Во Турција зголемен бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19


Во Турција во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починаа 220 луѓе, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Тоа е пораст во споредба со претходниот ден, кога починаа 217 луѓе.

Од почетокот на пандемијата во Турција од последици од Ковид-19 вкупно починаа 15.751 човек.

Бројот на новозаразени за еден ден е зголемен за 30.424, со што вкупниот број изнесува 955.766.