Советот на Агенцијата за храна и лекови на САД препорача итно одобрување на вакцината „Фајзер“


 

Советот на американската Агенција за храна и лексови препорача итно одобрување на вакцината против корона вирусот која ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, Се верува дека препораката најавува и конечно одобрување.

Акот се случи тоа, се смета дека ќе се направи пресвртница на пандемијата во САД каде од корона вирус починаа повеќе од 285.000 луѓе.

САД би биле петта земја во светот која би ја одобрила наведената вакцина по Велика Британија, Канада, Бахреин и Саудиска Арабија.

Одлуката за препорака не беше едногласна. Од 22 членови на советот, четворица беа против. Меѓу другото, расправаа и за тоа дали од одобрението трена да се изземат 16 и 17-годишниците.

Некои стручњаци сметаат дека податоците за влијанието на вакцината кај овие лица не се потполни и дека е потребно да се препорача понатамошно проучување. Од друга страна, некои оценија дека податоците за безбедност и делотворност се доволни за да се одобри косристењето на вакцината.

При тоа укажаа дека спомнатата популација на вакцина чека со месеци заради ограничените залихи и ограничената дистрибуција.

На Советот на ФДА проблематизирано е и користењето плацебо вакцина во текот на испитувањата. Имено, некои беа на мислење дека ако се одобри користењето на вакцината би било неетично да се спречат учесниците во испитувањето да дознаат дали добиле плацебо или вистинска вакцина, пренесе Гардијан.