Грк пронајден мртов во стан во Гевгелија


Во полициската станица во Гевгелија во утринските часови на 9 декември било пријавено дека во апартман во градот бил пронајден починат 46-годишниот грчки државјанин со иницијали S.A.

Починатиот имал привремен престој во Гевгелија, а од страна на доктор од итната медицинска помош констатирана била смрт, без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа на гевгелиската полиција, а по наредба на Jавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.