Во САД егзекутиран осуден криминалец


САД го егзекутираа осудениот криминалец Брендон Бернард, и покрај приговорите од некои поротници на неговото судење кои побараа од администрацијата на Трамп да покаже милост.

Смртта на Бернард е деветто погубување откако јавниот обвинител Вилијам Бар на почетокот од годинава продолжи да ја применува федералната смртна казна по пауза од 17 години.

Бернард беше осуден на смрт во 2000 година заедно со соучесникот Кристофер Виалва за кражба на автомобил и убиство на Тод и Стејси Багли во оддалечен дел од воената база Форт Худ во близина на Килин, Тексас.

Виалва ја киднапираше и ја застрела двојката одблизу додека лежеле во багажникот на автомобилот. После тоа, Бернард го запалил автомобилот. За време на злосторството, Бернард имал 18 години, а Виалва имал 19 години. Тројцата други вклучени во киднапирањето и убиството не биле полнолетни кога се случило злосторството и избегнале смртна казна. Двајца веќе се ослободени од затвор.

Пет поротници од судењето го поддржаа барањето на Бернард за помилување, велејќи дека неговите адвокати лоша работеле бранејќи го на судењето. Иако сè уште се согласуваат дека и Бернард и Виалва се виновни, тие рекоа дека изгледа дека Бернард немал намера да ја убие двојката Багли.

Половина милион луѓе ја потпишаа петицијата со барање од претседателот Трамп да ја смени казната со доживотен затвор, истакнувајќи ја неговата незрелост за време на злосторството и доброто однесување во затвор.

Сепак, Виалва и Бернард во 2000 година беа осудени на смрт од страна на сојузен суд. Првиот доби смртоносна инјекција во септември во казнено-поправниот дом Тере-Хауте. Вториот ја доживеа истата судбина синоќа откако Врховниот суд ја одби конечната жалба.