Пукање во центарот на Белград, ранет маж однесен на реанимација

 

На белградски Врачар утрово се пукало, при што ранет е еден маж, пренесоа српските медиуми.

Мажот со амбулантно возило е пренесен на реанимација во Ургентниот центар, пренесе Танјуг.

Повикот до брзата помош стигнал рано утрово во 6.34 часот.

Нема детали за немилиот настан. Полицијата не знае кој пукал, а не се открива ни идентитетот на жртвата.