(Во живо) Деспотовски ги претставува Економските движења во индустриските зони


Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски, на прес-конференцијата “Економските движења во индустриските зони” ќе ги претстави првичните анализи и согледувања, како и деталите за претстојните активности и планови на Дирекцијата. Проследете ја во живо:

Фатено момче од Крива Паланка, што крадело во населбата Илинден


Во четвртокот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 1 ноември годинава извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје.  Н.В. бил приведен во полициска станица, со него  бил извршен разговор и, во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на …

Фатено момче од Крива Паланка, што крадело во населбата Илинден Read More »

НУК ќе поднесе Иницијатива до Уставен суд за Одлуката со која се ограничи работното време на угостителите до 18 часот


Независната угостителска комора (НУК) денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и/или законитоста на измените и дооплнувањата на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 18 часот. НУК по овој повод за 12:30 …

НУК ќе поднесе Иницијатива до Уставен суд за Одлуката со која се ограничи работното време на угостителите до 18 часот Read More »

Шест деца чекаат да бидат признати: Телото на Марадона да се чува за утврдување татковство


Телото на покојниот фудбалски великан Диего Марадона „мора да се сочува“ во случај неговата ДНК да биде потребна за утврдување татковство, пресуди во четвртокот аргентинскиот суд. Марадона почина од срцев удар минатиот месец и погребан е на 26 ноември на гробиштата во близина на Буенос Аирес. Иако неговиот адвокат порано рече дека примероци од ДНК …

Шест деца чекаат да бидат признати: Телото на Марадона да се чува за утврдување татковство Read More »

Царовска онлајн ги смирува наставниците: Нема да останете без работа


Министерката за образование и наука Мила Царовска и наставниците од основните училишта во државата на онлај состанок разговараа за новата концепција за основно образование. Министерката истакна дека со реформите коишто ќе стартуваат од идната учебна година се унапредува образовниот модел согласно препораките на релевантни меѓунарoдни институции и организации и воведува современо европско образование.  „Не укинуваме …

Царовска онлајн ги смирува наставниците: Нема да останете без работа Read More »

Помпео: Рускиот систем С-400 е закана за војската и воената технологија на САД


 Рускиот систем С-400 претставува закана за безбедноста на војската и воената технологија на САД, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео пред неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу. Според Помпео, руските системи, кои ги купила Турција, ќе и овозможат, исто така, пристап на Русија до турските вооружени сили и нејзината одбранбена индустрија. Државниот секретар на САД побарал …

Помпео: Рускиот систем С-400 е закана за војската и воената технологија на САД Read More »

Роберт Кох: Рекорден број новозаразени во Германија – 30.277 лица


 Германија има повеќе од 30.000 дневни инфекции со коронавирус, првпат од почетокот на пандемијата, објави германскиот институт Роберт Кох. Институтот објави дека податоците за заразените вклучуваат 3.500 случаи од југозападната провинција Баден-Вуертемберг, кои од технички причини не биле вклучени во статистиката на случаи од четвртокот. Рекордни 30.277 случаи се потврдени во изминатите 24 часа. Починати се 813 …

Роберт Кох: Рекорден број новозаразени во Германија – 30.277 лица Read More »

Хуавеи гради фабрика на исток во Франција, прва надвор од Кина


 Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи ќе изгради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема пред се поврзана со технологијата 5G, прва нејзина таква фабрика надвор од Кина, соопшти компанијата. Во фабриката ќе бидат инвестирани минимум 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица. Мобилни мрежни технолошки решенија ќе бидат произведени за целиот …

Хуавеи гради фабрика на исток во Франција, прва надвор од Кина Read More »

Хуманоста на дело: Го блокираа сообраќајот за да донесат донации во Психијатриската болница крај Задар


  Кога Мартина Шушиќ на Фејсбук прати апел за помош на нејзините пациенти од Психијатриската болница во Угљан, не помислила дека ова може да се случи. Имено, како што пренесува хрватскиот портал Задарски.хр, Шушиќ побарала помош во вид на облека и обувки пред две недели, а вчера во 16.30 часот река луѓе кои сакаа да …

Хуманоста на дело: Го блокираа сообраќајот за да донесат донации во Психијатриската болница крај Задар Read More »

(Видео) Заложничка криза во близина на Париз, мажот и жената најдени мртви


Според информациите испратени до БФМТВ, жандармите ја констатирале  смртта на мажот и неговата сопруга откако заврши заложничката драма во Домон. Мажот и неговата сопруга биле во фаза на равод. Жената поднела жалба против него за семејно насилство, за што сопругот претходно бил осуден. Обвинителството на Понтоиз  посочи дека отвори истрага за киднапирање, намерно насилство со …

(Видео) Заложничка криза во близина на Париз, мажот и жената најдени мртви Read More »

Снежна бура во САД: Завеани Њујорк, Пенсилванија и Нова Англија, загинаа тројца


  Силна снежна бура го зафати североисточниот сел на САД. Забелеа Њујорк, Пенсилванија и Нова Англија. Тоа предизвика проблеми на патиштата, а тројца загинаа во сообраќајки поради лошите временски услови. Делови од Пенсилванија и горниот дел од државата Њујорк имаат по 30 см снег, додека во Бингамтон (Њујорк) падна речиси метар снег, што е најголема …

Снежна бура во САД: Завеани Њујорк, Пенсилванија и Нова Англија, загинаа тројца Read More »

Во Франција повторно раст на бројот на новозаболени од Ковид-19


Во Франција веќе неколку дена повторно се забележува тренд на зголемување на заболените од Ковид-19. Ова непосредно пред периодот на божиќните и новогодишните празници, кои за здравствените власти претставуваат огромен ризик, јави дописникот на МИА. -Во Франција, гледаме зголемување на бројот на потврдени случаи, изјави Жером Саломон, генрален директор за здравство. Според неговите податоци, во …

Во Франција повторно раст на бројот на новозаболени од Ковид-19 Read More »

(Фото) Скопје како Амстердам – потсетување на боемскиот живот


Со маски и провокативна облека, вечерва, сексуалните работнички го започнаа перформансот во жешките излози на Универзална сала. -Уметнички перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе Ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и …

(Фото) Скопје како Амстердам – потсетување на боемскиот живот Read More »

Приведен скопјанец баран за убиство


Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров денеска го приведоа Г.С. од Скопје, кој се барал со потерница од Основното јавно обвинителство Скопје поради сторено кривично дело „убиство“ од чл. 123 ст.2 т.5 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, лицето е предадено во Затвор Скопје. 

Шпанскиот премиер е негативен по средбата со Макрон , но останува во самоизолација до 24 декември


Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска беше негативен на тестот за присуство на коронавирус, но ќе остане во самоизолација до 24 декември, бидејќи беше во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти кабинетот на Санчез. Санчез, кој претходно денеска ги прекина сите свои јавни активности, ќе биде повторно тестиран пред да излезе од самоизолација, се додава …

Шпанскиот премиер е негативен по средбата со Макрон , но останува во самоизолација до 24 декември Read More »

Бугарска Влада: Борисов и Меркел се заинтересирани да се најде решение


Напорите на бугарската страна отсекогаш беа и продолжуваат да бидат насочени кон постигнување дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но за оваа цел тоа мора да го сакаат и да го спроведат двете страни, велат од прес-службата на бугарската Влада коментирајќи ја изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека …

Бугарска Влада: Борисов и Меркел се заинтересирани да се најде решение Read More »

Европската Унија по трет пат ја прошири листата на санкционирани лица во Белорусија


 Советот на Европската Унија по трет пат го прошири списокот на лицата под санкции од Белорусија, се наведува во Брисел. Советот на ЕУ денеска усвои 36 дополнителни имиња за санкционирање, што се однесуваат на високи белоруски функционери одговорни за насилните репресии и заплашувањата на мирните демонстранти, членови на опозицијата и новинари. Мерките, како што се …

Европската Унија по трет пат ја прошири листата на санкционирани лица во Белорусија Read More »

Нови 657 случаи на Ковид-19, 920 оздравени и 31 починато лице


Во изминатите 24 часа се регистрирани 657 нови случаи на Ковид-19, од направени 2.347 тестирања. Во истиот период регистрирани се и 920 оздравени, но и 31 починато лице.   Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, …

Нови 657 случаи на Ковид-19, 920 оздравени и 31 починато лице Read More »

Куп тепачки низ земјава


  Повеќе тепачки се пријавени во Македонија во последното деноноќие, при што настрадале и малолетници, но и биле напаѓани и полицајци. Во вторникот, во 10.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, Р.М.(44) физички го нападнал В.А.(29), двајцата од Скопје. Во средата пак, во 2.30 часот, А.Ј.(20) од село Љубанци, скопско, …

Куп тепачки низ земјава Read More »

Си префрлила 500.000 денари на трансакциска од туѓа сметка


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.С.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилиниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518.000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.