Снежна бура во САД: Завеани Њујорк, Пенсилванија и Нова Англија, загинаа тројца


 

Силна снежна бура го зафати североисточниот сел на САД. Забелеа Њујорк, Пенсилванија и Нова Англија.

Тоа предизвика проблеми на патиштата, а тројца загинаа во сообраќајки поради лошите временски услови.

Делови од Пенсилванија и горниот дел од државата Њујорк имаат по 30 см снег, додека во Бингамтон (Њујорк) падна речиси метар снег, што е најголема количина од 1951 година, додека во олбени има приближно половина метро.

Жителите на Њујорк Сити, Филаделфија и Бостон денеска се разбудија со 15 сантиметри снег што ги дочека на улиците, пренесе Си-Ен-Ен.

Лошите временски услови предизвикаа неколку сериозни сообраќајни несреќи, а загинаа тројца.

Државната полиција на Вирџинија потврди дека момче на возраст од 19 години загинало во судар кога неговиот автомобил се излизгал од автопатот.

Во Пенсилванија, каде снегот непрекинато паѓаше два часа во огромни количини, настрадаа две лица и неколкумина се повредени во верижен судар во кој учествувале меѓу 30 и 60 возила во округот Клинтон.

Верижен судар се случи и на мостот „Хенри Хадсон“, рече за Си-Ен-Ен полицискиот поручник Томас Антоанети, но немало сериозно повредени.