Хуманоста на дело: Го блокираа сообраќајот за да донесат донации во Психијатриската болница крај Задар


 

Кога Мартина Шушиќ на Фејсбук прати апел за помош на нејзините пациенти од Психијатриската болница во Угљан, не помислила дека ова може да се случи.

Имено, како што пренесува хрватскиот портал Задарски.хр, Шушиќ побарала помош во вид на облека и обувки пред две недели, а вчера во 16.30 часот река луѓе кои сакаа да донесат нешто го блокираа сообраќајот за да донесат тони облека во вреќи и кутии.

Мартина била таму, стоела и плачела.

„Немам зборови… Занев дека ќе дојдат многу луѓе затоа што тој мој апел на Фејсбук и во медиумите допре до многу луѓе, но ова… Ми се јави директорот и рече: „Малечка, го блокира сообраќајот“, раскажува таа.

Вели дека ни сама не може да верува колку луѓе се подготвени да помогнат во вака тешки времиња: „Ова само покажува колку емпатија имаме и дека како народ сме едни за други тука кога најмногу си требаме“, вели Мартина.

https://twitter.com/anahotko/status/1339656757140983812?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1339658791428747269%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2020mm%3D12dd%3D18nav_category%3D167nav_id%3D1782564

Луѓето кои носеа помош снимаа, се фотографираа, повикуваа пријатели неверувајќи, спонтано смеејќи се, горди на себе и на другите. На Мартина и Матија, млада студентка која паралелно собираше помош на островот Угњан, и покрена лавина добрина во градот, но и во целата земја, а и пошироко. Помош стигна и од Австрија, Германија, Швајцарија.

За жал, покрај недостаток на сретства во болницата, во последните денови влезе и корона вируст.

Сепак, Мартина вели дека болницата последна „падна“, а за сега добро се снаоѓаат.

Ако има вишок облека и обувки, во договор со другите болици во жупанијата, тие ќе им пратат на оние на кои им е најпотребна.