Шест деца чекаат да бидат признати: Телото на Марадона да се чува за утврдување татковство


Телото на покојниот фудбалски великан Диего Марадона „мора да се сочува“ во случај неговата ДНК да биде потребна за утврдување татковство, пресуди во четвртокот аргентинскиот суд.

Марадона почина од срцев удар минатиот месец и погребан е на 26 ноември на гробиштата во близина на Буенос Аирес.

Иако неговиот адвокат порано рече дека примероци од ДНК веќе постојат, судот одреди телото на поранешниот репрезентативец на Аргентина да не смее да биде кремирано.

Петте признати деца и шест со барање да бидат признати се дел од сложен процес околу наследството во Аргентина.

Една од шесте деца, Магали Гил (25), вели дека пред две години дознала дека Марадона бил нејзин татко.

Во пресудата на Националниот првостепен суд се наведува дека „госпоѓата Гил бара да се направи истрага и со таа цел на обвинителството да му се прати ДНК“.

Марадона призна четири деца во Аргентина и едно во Италија, кое го добо за време на играњето фудбал во таа земја во Неапол.