(Видео) Заложничка криза во близина на Париз, мажот и жената најдени мртви

Според информациите испратени до БФМТВ, жандармите ја констатирале  смртта на мажот и неговата сопруга откако заврши заложничката драма во Домон.

Мажот и неговата сопруга биле во фаза на равод. Жената поднела жалба против него за семејно насилство, за што сопругот претходно бил осуден.

Обвинителството на Понтоиз  посочи дека отвори истрага за киднапирање, намерно насилство со оружје и обид за убиство.

Претходно објавивме дека, според извештај на „Паризиен“, отворена е истрага, затоа што постои сомнеж дека маж во домот во Домон ја држел сопругата како заложник откако пукал најмалку во две лица.

Националната група за интервенција на жандармеријата стигнала на местото каде мажот ја држи сопругата како заложник, а пред тоа пукал во најмалку две лица во Домон, дваесетина километри северно од Париз, јавија француските медиуми.

Инцидентот се случил околу 20 часот затоа што осомничениот „бил затворен околу еден час“ со сопругата. „Акту17“ јавува дека едно лице е сериозно повредено, а двете жртви се префрлени во болница.

Осомничениот е менаџер на компанија, јави БМФТВ, повикувајќи се на извори запознати со случајот. Во извештајот се наведува дека во зградата ималку неколку луѓе пред да се случи инцидентот.

Според Паризиен државното обвинителство отворило истрага во врска со „киднапирање и насилство со оружје“.

Видеото кое е снимено на лице место споделено е на социјалните мрежи и покажува големо присуство на полицијата.