(Фото) Скопје како Амстердам – потсетување на боемскиот живот


Со маски и провокативна облека, вечерва, сексуалните работнички го започнаа перформансот во жешките излози на Универзална сала.

Фото: Б. Грданоски

-Уметнички перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе Ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички, соопштија од Стар.

Фото: Б. Грданоски

Црвените чадори, по тринаесетти пат денеска излегоа на градскиот плоштад, како симбол дека борбата за признавање на оваа професија не запира.

Фото: Б. Грданоски

-Бараме Владата да формулира пакет социоекономски мерки со цел таргетирана поддршка во нашата заедница, да ни се овозможи континуиран пристап до квалитетни здравствени услуги, да бидеме вклучени во процесите на креирање политика за време на пандемијата, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на дискриминацијата и неправдата која е присутна во нашата заедница од повеќе аспекти, информираат од Стар.

Фото: Б. Грданоски