Ниш ги преместува автобуската и железничката станица поблиску до аеродромот?


Советниците на Градското собрание на Ниш на последната седница ја усвоија четвртата измена на Генералниот урбанистички план на Ниш со која меѓу другото се предвидува преместување на Главната автобуска станица од просторот до Тврдината на просторот кај Фабриката „Филип Морис“ и „Булеварот на хероите од Кошар“, општина Црвени Крст. Вршителот на должноста директор на Нишкиот …

Ниш ги преместува автобуската и железничката станица поблиску до аеродромот? Read More »

Властите затворија неколку паркови во Сиднеј откако е откриен азбест


Австралиските власти денеска затворија неколку паркови во Сиднеј, откако на неколку локации во градот беше откриен азбест. Градскиот совет на Сиднеј соопшти дека ќе почне со проверка на 33 паркови за да утврди дали се загадени со азбест и додаде дека тестирањето ќе трае неколку недели. Околу 700 ученици во јавно училиште во југозападен Сиднеј …

Властите затворија неколку паркови во Сиднеј откако е откриен азбест Read More »

Пожар кај „Вип хотел“ во близина на Ист гејт


Утрово пожар избувнал кај Хотел „Вип“ во близина на Ист гејт. За среќа нема повредени лица, причинета е само материјална штета. На терен се противпожарни екипи. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Google се приклучува на мисијата за следење на емисиите на метан од вселената


Google објави партнерство со непрофитниот фонд за одбрана на животната средина (EDF) за мапирање на загадувањето со метан и инфраструктурата за нафта и гас. Компанијата и EDF се надеваат дека ќе можат точно да утврдат од каде доаѓаат поголемиот дел од емисиите на метан, што потенцијално би можело да помогне да се запрат. Следниот месец …

Google се приклучува на мисијата за следење на емисиите на метан од вселената Read More »

Род Стјуарт ги продаде правата на своите песни за речиси 100 милиони долари


Британскиот музичар Род Стјуарт ги продаде правата за издавање и целиот каталог на неговите песни за речиси 100 милиони американски долари, објави во четвртокот Волстрит џурнал. Според овој американски деловен дневен весник, компанијата „Iconic Artists Group“ за споменатата сума ги откупила правата на каталогот на Стјуарт, како и одредени права за користење на неговото име …

Род Стјуарт ги продаде правата на своите песни за речиси 100 милиони долари Read More »

Поранешен информатор на ФБИ обвинет дека лажел за улогата на семејството Бајден во украински бизнис


  Специјалниот советник кој ја водеше повеќегодишната истрага против Хантер Бајден, Дејвид Вајс, го обвини поранешниот информатор на ФБИ Александар Смирнов дека лажел за вмешаноста на претседателот Џозеф Бајден и неговиот син Хантер Бајден во деловни трансакции со украинската енергетска компанија Бурисма Холдингс. Смирнов (43) се соочува со обвиненија поврзани за лажење на ФБИ и …

Поранешен информатор на ФБИ обвинет дека лажел за улогата на семејството Бајден во украински бизнис Read More »

Зеленски оди во Германија и Франција по нова помош за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува денеска да ги посети Германија и Франција за да се обиде да обезбеди витална воена помош и да потпише билатерални безбедносни обврски додека војната со Русија се приближува кон третата година. Патувањето доаѓа додека украинските трупи се обидуваат да ги спречат руските сили кои се приближуваат кон источниот град …

Зеленски оди во Германија и Франција по нова помош за Украина Read More »

Ќе стане ли „Интуитив машинс“ првата приватна компанија која слетала на Месечината?


Компанијата SpaceX го лансираше лунарниот лендер на приватната компанија Intuitive Machines од Хјустон со помош на својата ракета Falcon 9. Лансирањето беше успешно извршено од Кејп Канаверал во Флорида, а на врвот на ракетата Фалкон 9 беше лендерот Nova-C Odysseus. По лансирањето, првата етапа од ракетата се вратила на Земјата, а со тоа и официјално …

Ќе стане ли „Интуитив машинс“ првата приватна компанија која слетала на Месечината? Read More »

Глобалните резерви на нафта значително паднаа


Залихите на нафта на глубално ниво потонаа за околу 60 милиони барели во јануари, при што залихите на копно паднаа на најниско ниво од најмалку 2016 година во услови на намалено производство во Северна Америка, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Залихите беа намалени на почетокот на годината и покрај очигледните слабости на страната на …

Глобалните резерви на нафта значително паднаа Read More »

Путин им нареди на Русите: Семејствата треба да имаат најмалку две деца


Руските семејства мора да имаат најмалку две деца за да се обезбеди етничкиот опстанок на нацијата и три или повеќе за нацијата да се развива и просперира, рече претседателот Владимир Путин. Русија претрпе тешки, но непознати загуби откако ја започна војната против Украина пред две години, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење …

Путин им нареди на Русите: Семејствата треба да имаат најмалку две деца Read More »

Над 200.000 украински бегалци добија азил во Велика Британија според различни визни програми


 Бројот на украински бегалци на кои им беше одобрен азил во Велика Британија во рамки на различни визни програми по почетокот на војната надмина 200 илјади, јави ДПА. Новиот праг беше надминат речиси две години откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, принудувајќи ги Украинците да ја напуштат својата татковина во потрага по …

Над 200.000 украински бегалци добија азил во Велика Британија според различни визни програми Read More »

ЈСП: Платите не доцнат – на пресметка се


Откако возачите на ЈСП најавиjа штрајк за утре, односно главниот град повторно да остане без градски превоз, од претпријатието велат дека за разлика од други претпријатија, платите кај нив не доцнат. – Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат …

ЈСП: Платите не доцнат – на пресметка се Read More »

Вучиќ ги одликува Силјан Мицевски-постхумно, Влада Урошевиќ и Никола Китановски по повод Денот на државноста на Србија


 Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции, а меѓу Македонците кои добија ордени се и почеснот конзул на Србија во Република Северна Македонија-Силјан Мицевски-постхумно, академик Влада Урошевиќ и оперскиот пејач Никола Китановски, јави дописникот на МИА од Белград. Силјан Мицевски кој беше почесен конзул на …

Вучиќ ги одликува Силјан Мицевски-постхумно, Влада Урошевиќ и Никола Китановски по повод Денот на државноста на Србија Read More »

Скопје утре без јавен превоз – возачите повторно не зеле плата


Утре повторно нема да има јавен градски превоз во Скопје. Ова следува откако вработените во ЈСП не ја добиле платата за јануари. -Еве денеска е 15 февруари. Последниот законски ден за исплата за плата. Од утре УЈП ќе земе 0,03 проценти од нашето купче. Не се договоривме така со градоначалничката и директорот на ЈСП Скопје. …

Скопје утре без јавен превоз – возачите повторно не зеле плата Read More »

Граѓаните сакаат е-услуги кои ќе ги заштитат од корупција


Анализата на општинските е-услугите спроведена од страна на фондацијата Метаморфозис покажува дека се зголемуваат очекувањата и барањата од единиците на локалната самоуправа и дека граѓаните во суштина бараат електронски услуги кои ќе овозможат полесно извршување на услугите, а ќе ја намали нивната изложеност на корупција. На денешната презентација на Анализата беше истакнато дека недостасува стратешки …

Граѓаните сакаат е-услуги кои ќе ги заштитат од корупција Read More »

Истрефи: Само „Пошта“ доставува пратки и по селата, „брзите пошти“ само во градовите


Работиме нон – стоп. Можеби има некои проблеми, но не толку како што велите вие. Приватните „брзи пошти“ доставуваат пратки само во градовите, а ние и во селата, по планините. Ние сме единствениот универзален давател на поштенските услуги, рече денеска директорот на АД „Пошта“, Идри Истрефи. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со поплаките на …

Истрефи: Само „Пошта“ доставува пратки и по селата, „брзите пошти“ само во градовите Read More »

Демири: Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка, 34 случаи на голема кашлица досега


 Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца, најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот …

Демири: Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка, 34 случаи на голема кашлица досега Read More »

Слободата на движење не е во надлежност на Уставниот суд


Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд за лични карти, возачки дозволи и пасоши и толку предмети се веќе оформени. Иницијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои се уште се со важност, како и на слободата на движење која е ограничена, рече денеска претседателката на …

Слободата на движење не е во надлежност на Уставниот суд Read More »

Фросина Ременски именувана за генерален конзул на Македонија во Венеција


Фросина Ременски е назначена за генерален конзул на Македонија во Венеција откако на 13 февруари Владата донесе одлука да ја именува. Потписник на оваа одлука е заменик на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи. Фросина Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Како член на СДСМ беше пратеник, потпретседателка на Собранието и министерка …

Фросина Ременски именувана за генерален конзул на Македонија во Венеција Read More »

До крајот на неделава сончево, од понеделник слаб дожд


До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност, особено во недела. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.  Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж …

До крајот на неделава сончево, од понеделник слаб дожд Read More »