До крајот на неделава сончево, од понеделник слаб дожд


Пролет во зима во Дојран/ Фото: Б. Грданоски

До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност, особено во недела.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд. 

Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец, со температура до 13 степени.