ЈСП: Платите не доцнат – на пресметка се


Фото: Б. Грданоски

Откако возачите на ЈСП најавиjа штрајк за утре, односно главниот град повторно да остане без градски превоз, од претпријатието велат дека за разлика од други претпријатија, платите кај нив не доцнат.

– Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини. Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа – појаснуваат од ЈСП.

Веруваат дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои.
 
Дали утре ќе има градски превоз, по ваквото објаснување од ЈСП, возачите уште не се огласиле.
Сепак, треба да се знае, дека советот на Град Скопје, по минатомесечната криза во градскиот превоз и најавениот прекин, на повторена седница одобрија субвенции од Град Скопје во висина од 700 милиони денари. ЗОшто се чека последниот ден, законски предвиден, да се префрлат плати на вработените, останува да објасни менаџментот на претпријатитето.
 
До тогаш, скопјани секој месец ќе се соочуваат со најави или пак со реализирани штрајкови и неможност навреме да стигнат на работа, на училиште или на лекар.