Фросина Ременски именувана за генерален конзул на Македонија во Венеција


Фото: Б. Грданоски

Фросина Ременски е назначена за генерален конзул на Македонија во Венеција откако на 13 февруари Владата донесе одлука да ја именува.

Потписник на оваа одлука е заменик на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи.

Фросина Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Како член на СДСМ беше пратеник, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика на Македонија.