Вучиќ: Доколку има нови избори во Белград, тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Минхен дека доколку има нови локални избори во Белград, тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни. Вучиќ, кој учествува на безбедносната конференција рече дека ќе почекаат до „први, втори, трети март, кога истекува рокот за формирање на градското собрание“, и дека доколку …

Вучиќ: Доколку има нови избори во Белград, тие ќе се одржат на крајот на мај или на почетокот на јуни Read More »

ОДИХР бара покренување истрага за околностите на смртта на Навални


 Смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални додека отслужуваше долга затворска казна е трагедија што следува по годините неправедно затворање и негирање на човековите права, соопшти денеска Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и побара истрага за околностите на неговата смрт. -Длабоко сум тажен поради веста за смртта на Алексеј Навални. …

ОДИХР бара покренување истрага за околностите на смртта на Навални Read More »

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица


Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 21 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ). Од ИЈЗ информираат дека сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број се од возрасната група …

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица Read More »

Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили


Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани  17.738 заразени случаи, јави Топ чанел. – По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените …

Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили Read More »

ЦУК: Шумски пожар над село Палиград на планината Китка


Преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 доцна попладнето е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ над село Палиград на планинатата Китка,  информира Регионалниот Центар за управување со кризи Скопје.  Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“ и оти …

ЦУК: Шумски пожар над село Палиград на планината Китка Read More »

Куп на Македонија: МЗТ го победи Работнички во „вечното дерби“


Во првиот полуфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа градскиот ривал Работнички со 81:76 (43:38) и се пласираа во финалето, 17-то за нив откако постои клубот. „Штрковите“ на тој начин ќе имаат можност да дојдат до својата 12-та титула во ова натпреварување. Тимот од Аеродром ќе го …

Куп на Македонија: МЗТ го победи Работнички во „вечното дерби“ Read More »

Сопругот ја тепал сопругата во Кисела Вода


Вчера вечер, во 19.44 часот во СВР Скопје, 60-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачје на Кисела Вода, нејзината 27-годишна ќерка физички била нападната од сопругот, 30-годишниот Д.Ј. од Скопје, извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија


Двајца државјани на Северна Македонија, минатиот петок биле уапсени во северозападниот дел на Грција, а сега им е одреден привремен притвор, под сомнение дека помагале во криумчарење мигранти додека трето лице пренесувало мигранти со автомобилот, јави дописничката на МИА од Атина. Едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што …

За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија Read More »

Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та


 Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство.  Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот  линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде …

Граѓаните кои живеат во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање за претседателските избори во ДКП-та Read More »

МВР ќе предложи да не се плаќаат ниту административни такси за замена на возачките и собраќајните дозволи


 МВР информира дека при замената на возачките и сообраќајните дозволи кои сѐ уште се важечки, а се со името Република Македонија, до крајот на годинава нема да им се наплаќа цената за обрасците, но, оти во моментов, поради тоа што сѐ уште не се направени измени на Законот за административни такси, на граѓаните им се …

МВР ќе предложи да не се плаќаат ниту административни такси за замена на возачките и собраќајните дозволи Read More »

Повлечени од продажба горчливи семки од кајсија, содржеле цијановодородна киселина


Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува од продажба небезбеден производ – сурови горчливи семки од кајсија поради присуство на цијановодородна киселина. Сурови горчливи семки од кајсија на производителот „Менехопулос“ од Солун чиј увозник и дистрибутер е „Зото трејд“ од село Штука, општина Босилово се небезбедни за употреба и се повлекуваат …

Повлечени од продажба горчливи семки од кајсија, содржеле цијановодородна киселина Read More »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара, цените на другите горива не се менуваат


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемува за 2,00 денара и ќе чини 85,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

МОН: Градоначалникот на Тетово си назначува директори на училишта без оглас


Контролите на Државниот просветен инспекторат над работата на основните и средните училишта во државата во изминатите неколку месеци, потврдуваат дека Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите надлежности и обврски во областа на образованието, соопштија попладнево од МОН. Од страна на просветните инспектори констатирани се бројни неправилности, особено при избори и именувања на директори …

МОН: Градоначалникот на Тетово си назначува директори на училишта без оглас Read More »

Во Холандија рекорден број тинејџери имаат проблеми со законот


Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија. Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат. Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки …

Во Холандија рекорден број тинејџери имаат проблеми со законот Read More »

Се реконструираат просториите на МВР во зградата на МРТВ


Денеска (16.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во текот на реконструкцијата на просториите на службите како и во процесот на замена на личните документи на граѓаните. „Градежните работи започнаа …

Се реконструираат просториите на МВР во зградата на МРТВ Read More »

Почеток на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ – ќе има 26 нови училници


Со објавување на огласот за спроведување јавна набавка за изведба на градежни активности, Општина Аеродром ја започна постапката за реализација на доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, кое се наоѓа во еден од најгусто населените делови од општината. Со оваа инвестиција, ќе се обезбедат дополнителни капацитети за учениците и наставниците, …

Почеток на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ – ќе има 26 нови училници Read More »

Бетонска греда падна врз работници во Фиренца – тројца загинаа, по тројца се трага


Во несреќа што се случи во супермаркет во изградба во Фиренца, загинаа тројца работници, а три лица се водат како исчезнати. Уште три лица се извлечени живи од под урнатините и веднаш се пренесени во болница. Немилиот настан се случил денеска околу 9 часот, а според првите информации до трагедијата дошло кога бетонската греда, која …

Бетонска греда падна врз работници во Фиренца – тројца загинаа, по тројца се трага Read More »

Аргентина ја извести Русија дека нема да се приклучи на БРИКС


Аргентина ја извести Русија дека не планира да се приклучи на БРИКС, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков. „Новата влада на оваа земја официјално не информираше нас и другите членки на БРИКС дека нема намера да ја искористи поканата формулирана од лидерите во Јоханесбург“, рече Рјабков на прес-конференцијата. Тој додаде дека …

Аргентина ја извести Русија дека нема да се приклучи на БРИКС Read More »

Изгаснат пожарот во напуштената куќа зад хотелот „Вип“


Рано утринава е опожарена напуштена куќа зад хотелот „Вип“, но пожарот не зафатил околни објекти и причинета незначителна материјална штета . Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски истакна дека било интервенирано со две возила и шест пожарникари. -Опожарен …

Изгаснат пожарот во напуштената куќа зад хотелот „Вип“ Read More »

Викендов ќе може да се скија на Попова Шапка – има снег!


Ски центарот Попова Шапка информира дека има двата денови од викендов ќе има можности за работење на дел од ски-лифтовите, а со тоа и прилика за скијање на овој зимски центар.  Поради недоволно снег ски лифтовите не работеа од 29 јануари и 18 денови немаше можности за скијање. -Ги информираме љубителите на скијањето дека на …

Викендов ќе може да се скија на Попова Шапка – има снег! Read More »