Изгаснат пожарот во напуштената куќа зад хотелот „Вип“


Фото: Б. Грданоски

Рано утринава е опожарена напуштена куќа зад хотелот „Вип“, но пожарот не зафатил околни објекти и причинета незначителна материјална штета . Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски истакна дека било интервенирано со две возила и шест пожарникари.

-Опожарен е отпаден материјал. Бидејќи куќата е напуштена во неа најверојатно престојувале бездомници. Причинета е незначителна штета, а во моментот на пожарот кој е пријавен во 8.30 часот во куќата немало никој – изјави Томевски.