Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили


Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани  17.738 заразени случаи, јави Топ чанел.

– По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените бројки. Грипот е раширен низ целата територија на земјата, потврдуваат од Институтот.

Доколку бројките се споредат со минатата сезона, се чини дека вирусот на грип Ah1 N1, Ah2N3, мали сипаници, респираторниот синцицијален вирус и многу други вируси ја влошија состојбата кај речиси сите возрасни групи. 

Од Институтот за јавно здравје известуваат дека има и зголемување на случаите на деца заболени од морбили. Во моментов има 22 случаи при што половина од нив се во Тирана.