Изборната реторика меѓу разурната куќа и бетониран идентитет


Со митинзи во главниот град, претседателските кандидати на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, во текот на викендот ја заокружија втората седмица од кампањата пред првиот изборен круг. До гласањето на 21 април остануваат шест дена, од кои само уште четири ќе можат да се искористат ефективно за претставување на …

Изборната реторика меѓу разурната куќа и бетониран идентитет Read More »

Пендаровски: Преку ноќ станав популарен кај девојките во младоста


Откако почнав да се занимавам со политика, преку ноќ им станав поубав на девојките, сподели кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и останати триесетина партии, Стево Пендаровски. Тој во гостувањето на емисијата “Еден на еден”, одговараше на неполитички прашања поврзани со приватниот живот. – Во 1996 година за првпат се појавив на државната телевизија, тогаш …

Пендаровски: Преку ноќ станав популарен кај девојките во младоста Read More »

Силјаноска: Во детството, со Топурковски бевме прваци во ролерки


Кандидатката за претседателка на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова присетувајќи се на деновите од младоста сподели интересни детали во емисијата “Еден на еден”. – Бев првак во трка на ролерки. Но, ако ви кажам дека претходно победник беше Васил Топурковски нема да верувате. Тоа беше во период кога во Дебар маало се познававме …

Силјаноска: Во детството, со Топурковски бевме прваци во ролерки Read More »

Почина Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ


Вдовицата на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на политичката партија Југословенска левица, Мирјана Марковиќ почина денеска на седумдесет и седумгодишна возраст, јавуваат српските медиуми, но официјална потврда се уште нема. Според неофицијалните информации, Марковиќ починала во Русија околу 15 часот по средноевропско време. Според српските медиуми таа имала четири операции во …

Почина Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ Read More »

Анџелина Џоли и Бред Пит: Дефинитивен крај на најпопуларната двојка


САД– Некогаш најпопуларната брачна двојка Анџелина Џоли и Бред Пит и официјално се разведе, пишуваат американските медиуми. По долгата постапка, во текот на која двајцата се бореа за старателството врз нивните шест деца, официјален старател е Анџелина, но Бред добил детален план за поминувањето на времето со децата, кој го утврдил судот. Втора важна ставка …

Анџелина Џоли и Бред Пит: Дефинитивен крај на најпопуларната двојка Read More »

Адвокатката на Асанж: Еквадор шири лаги


Адвокатката на уапсениот основач на Викиликс, Џулијан Асанж, вели дека Владата на Еквадор ширела лаги за неговото однесување во амбасадата во Лондон. Џенифер Робинсон изјави денеска дека еквадорските власти давале скандалозни обвиненија против Асанж за да го оправдаат тоа што и дозволија на британската полиција да влезе во нивната амбасада во четвртокот и да го …

Адвокатката на Асанж: Еквадор шири лаги Read More »

Пендаровски: Само еден е патот кон прогрес и води преку ЕУ и НАТО


Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство зад нас. Обезбедена и сигурна држава, партнер на демократскиот свет, рамноправен дел од најзначајните светски сојузи. Оние кои мислат дека без НАТО и Европската Унија можеме да ги решиме децениските проблеми со иселувањето, од социјалната сфера, дека може да ја обезбедиме сигурноста и стабилноста, се лажат …

Пендаровски: Само еден е патот кон прогрес и води преку ЕУ и НАТО Read More »

Катругалос: Договорот од Преспа го отстранува отровот на меѓусебното сомневање


Договорот од Преспа е чесен компромис, ги задоволува националните интереси на двете страни и еднаш засекогаш го отстранува отровот на меѓусебното сомневање, вели министерот за надворешни работи на Грција во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Етнос“, јави дописничката на МИА од Атина. На прашањето дали до изборите, владата ќе успее да ги убеди …

Катругалос: Договорот од Преспа го отстранува отровот на меѓусебното сомневање Read More »

Каминис: Тужба од неонацистичка криминална организација значи дека ја правиш вистинската работа


Кога те тужи неонацистичка криминална организација, значи дека ја правиш вистинската работа, одговара градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис на тужбата од Златна зора поднесена поради одлуката на општинскиот совет да не отстапи плоштади и места од градот за штабови на партијата во пресрет на изборите, јави дописничката на МИА од Атина. – Кога те тужи …

Каминис: Тужба од неонацистичка криминална организација значи дека ја правиш вистинската работа Read More »

Паднаа социјалните мрежи ширум светот


Светските медиуми пренесоа дека паднаа социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Вацап. Бројни корисници ширум светот се жалат дека дека не можат да пристапат до своите кориснички сметки на овие мрежи. Проблем со Фејсбук има и во Македонија.

Метеоролози: Светот ќе се соочи со најтоплата деценија досега


Прогнозите покажуваат дека температурите на секои следни пет години веројатно ќе бидат за еден степен повисоки од нивото во прединдустрискиот период, наведува Британската метеоролошка служба. Светот веројатно се наоѓа пред најтоплите десет години од кога почнало регистрирањето на температурните рекорди во 1850 година, тврдат научниците. Во следните пет години постојат и шанси да се соочиме …

Метеоролози: Светот ќе се соочи со најтоплата деценија досега Read More »

Уапсен 22-годишник кој превезувал 11 мигранти


Полицијата синоќа уапсила 22-годишник од село Петралица кој превезувал 11 мигранти – шест од Авганистан, тројца од Сирија и по еден од Ирак и  Пакистан, соопшти Министерството за внатрешни работи. Околу 22 часот на автопатот А1 Неготино – Градско, кај археолошкиот локалитет Стоби, полицајци од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ запреле патничко мoторно возило …

Уапсен 22-годишник кој превезувал 11 мигранти Read More »

Медиумите уште денеска и утре може да објавуваат резултати од анкети за изборите


Медиумите уште денеска и утре може да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес. Според Роковникот на Државната изборна комисија, резултатите од анкетите може да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на претседателските избори и вонредните локални во три општини, односно рокот истекува утре на полноќ. …

Медиумите уште денеска и утре може да објавуваат резултати од анкети за изборите Read More »

Скопски филмски фестивал од 17 до 25 април


Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, в среда во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми. Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да …

Скопски филмски фестивал од 17 до 25 април Read More »

Хорор во Непал: Судир на авион и хеликоптер, тројца загинати


Најмалку три лица загинаа денеска, а четири се повредени кога мал патнички авион удрил во хеликоптер, кој бил приземјен на аеродром во регион на планината Монт Еверест во Непал. Несреќата се случила додека мал авион на компанијата „Самит Ер“ се обидувал да полета од местото Лукла кон Катманду. Авионот свртел на пистата и удрил во …

Хорор во Непал: Судир на авион и хеликоптер, тројца загинати Read More »

ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за етикетирањето медиуми


Здружението на новинарите на Македонија реагира на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Крушево и смета дека е непримерно и недолично за еден лидер на политичка партија да етикетира медиуми. -Мицкоски за време на митингот во Крушево, кажа дека СДСМ ги вклучило своите скапо платени главни уредници и медиуми да лиферуваат анкети. Настапот …

ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за етикетирањето медиуми Read More »

Филипче: Општата болница во Кочани нема да се затвора


Министерот за здравство Венко Филипче ја посети општата болница со проширена дејност во Кочани. На средбата со стручниот колегиум од болницата, потенцираше дека оваа болница нема да се затвора и истите услуги кои досега беа давани ќе продолжат да се даваат на пациентите од Кочани и околните места, соопшти денеска Министерство за здравство. -Критикувани бевме …

Филипче: Општата болница во Кочани нема да се затвора Read More »

Пожар зафати куќа во центарот на Кавадарци


Пожар зафати куќа во строгиот центар на Кавадарци, рано изутрина во 03.30 часот, избегнати се поголеми штети, како и зафаќање на соседните објекти. -Благодарение на интервенцијата на кавадаречките пожарникари и помошта од сограѓани, пожарот беше локализиран, велат очевидци за МИА. Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информираат дека интервенирале околу час и половина со четири …

Пожар зафати куќа во центарот на Кавадарци Read More »

Мицкоски: Македонија овојпат се брани со гласачко ливче


Овие избори се повеќе од обични избори, затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на централниот митинг во Скопје. Тој им порача на присутните да ги преземат работите во своите …

Мицкоски: Македонија овојпат се брани со гласачко ливче Read More »

СДСМ: Сиљановска покажа дека е само продолжена рака на Мицкоски и Груевски


Со типично партиски речник на ВМРО-ДПМНЕ, со блед, неубедлив и празен говор, вечерва Сиљановска покажа дека не е ништо повеќе од продолжена рака на Мицкоски и Никола Груевски. Сиљановска е иста како Мицкоски. Не понуди ништо друго освен гола критика на се и сешто, кочење и блокирање на иднината на државата, против НАТО и ЕУ, …

СДСМ: Сиљановска покажа дека е само продолжена рака на Мицкоски и Груевски Read More »