Пожар зафати куќа во центарот на Кавадарци

Пожар зафати куќа во строгиот центар на Кавадарци, рано изутрина во 03.30 часот, избегнати се поголеми штети, како и зафаќање на соседните објекти.

-Благодарение на интервенцијата на кавадаречките пожарникари и помошта од сограѓани, пожарот беше локализиран, велат очевидци за МИА.

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информираат дека интервенирале околу час и половина со четири возила и десет пожарникари. Борбата со пламените јазици не била едноставна, бидејќи во тој дел на градот куќите се стари и лепенки една со друга. Дополнителен проблем бил тешко пристапниот терен во тесната уличка “Тошо Велков -Пепето”.

loading...