СДСМ: Сиљановска покажа дека е само продолжена рака на Мицкоски и Груевски


Со типично партиски речник на ВМРО-ДПМНЕ, со блед, неубедлив и празен говор, вечерва Сиљановска покажа дека не е ништо повеќе од продолжена рака на Мицкоски и Никола Груевски. Сиљановска е иста како Мицкоски. Не понуди ништо друго освен гола критика на се и сешто, кочење и блокирање на иднината на државата, против НАТО и ЕУ, се вели во реакцијата на СДСМ на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска.

„Сиљановска не се огради од ниту една криминална политика на Никола Груевски, не осуди ниту едно насилство, ниту една неправда од режимот со што се стави во негова директна одбрана. Ова издание на Сиљановска е веќе видено. Граѓаните не слушнаа ниту една државна порака, ниту еден конкретен проект од нејзината програма, не слушнаа ништо за нејзината визија. Јасно е дека нејзиното делување се сведува на обиди за кочење на започнатите процеси, кочење на напредокот и нови поделби меѓу граѓаните. Граѓаните не сакаат враќање назад, не сакаат кочење и блокирање. Граѓаните се за напредок, сигурна и стабилна иднина во НАТО и ЕУ. Затоа, на 21-ви април граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател“, соопшти СДСМ.