Хорор во Непал: Судир на авион и хеликоптер, тројца загинати


Најмалку три лица загинаа денеска, а четири се повредени кога мал патнички авион удрил во хеликоптер, кој бил приземјен на аеродром во регион на планината Монт Еверест во Непал.

Несреќата се случила додека мал авион на компанијата „Самит Ер“ се обидувал да полета од местото Лукла кон Катманду. Авионот свртел на пистата и удрил во хеликоптер на компанијата „Мананг Ер“.

Двете летала се сопственост на приватни компании кои превезуваат туристи и локално население до оддалечените области на Непал.