Акција на МВР, УЈП и пазарната и трудова инспекција во угостителски објекти во Скопје


Полицијата заедно со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен иснпекторат и Инспектарот за труд ноќеска спроведе акција во угостителски објекти во Скопје. Од Минситерството за внатрешни работи подетални информации за акцијата ќе соопштат денеска на прес-конфернција.

Делови од Бутел, Шуто Оризари и Бардовци утре без струја


Дел од корисниците од улиците „Јуриј Розентал“, „Иљо Војвода“, „Мелничка“, „Виничка“, „Гвадалахара“, „Нов Живот“, „Вашингтонска“, „Бутелски Венец“ и „Че Ге Вара“ во општина Шуто Оризари утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Бутелска“ кај каналот, „Призренска“ …

Делови од Бутел, Шуто Оризари и Бардовци утре без струја Read More »

Цивил: Прегласувањето во Чаир мирно и навремено


Набљудувачите на Цивил констатирале мирен и навремен почеток на прегласувањето на вториот круг од Локалните избори на избирачкото место 2901 во СОУ „Иднина“ во Чаир. Како што соопштуваат од Цивил, до 9 часот гласале 24 гласачи. Во вториот круг локални избори на ова избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за …

Цивил: Прегласувањето во Чаир мирно и навремено Read More »

„Економист“: Имињата на аеродромите на Балканот за нервирање на соседите


Британскиот неделник „Економист” во текстот под наслов: „Терминали со став: Преименувањето на балканските аеродроми со цел да се нервираат соседите” се занимава со феноменот на новите имиња на аеродромите во регионот. Неделникот пишува дека „низ целиот Балкан се градат нови аеродромски терминали и се именуваат на таков начин за да ги вознемират соседите”. „Економист”, тврди …

„Економист“: Имињата на аеродромите на Балканот за нервирање на соседите Read More »

Домаќинствата да произведуваат и продаваат струја од сончева енергија


Мрежното мерење, што на домаќинствата со вградени фотоволтаични системи им овозможува да го продаваат вишокот од произведена електрична енергија, е во зародиш во Македонија. Во државата не постои законска можност за вакво нешто па поради тоа граѓанските организации предлагаат вметнување на оваа мерка во новиот закон за енергетика, што е во подготовка. Граѓанските организации бараат …

Домаќинствата да произведуваат и продаваат струја од сончева енергија Read More »

Во Скопје најзагаден воздухот во Лисиче


Во сите скопските општини во текот на изминатото деноноќие жителите дишеле загаден воздух. Мерните станици на Минситерството за животна средина и просторно планирање на сите мерни станици регистрирале повисоки концентрации на ПМ10 честичките, а највисоката е забележана во Лисиче. На мерната станица во Центар највисока вредност од 112,6 микгрограми на метар кубен ПМ10 честички се …

Во Скопје најзагаден воздухот во Лисиче Read More »

Промоција на книгата „На Скопје, со љубов“ од архитект Живко Поповски


Книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“ утревечер ќе биде промовирана во Музејот на Град Скопје. Книгата е приредена од Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја, а во издание на Приватен принт Скопје. За книгата, а и за делото на Живко Поповски ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, проф. архитект Мартин …

Промоција на книгата „На Скопје, со љубов“ од архитект Живко Поповски Read More »

Променливо облачно со утринска магла во котлините


Времето во Македонија ќе биде повремено облачно, наутро со услови за појава на магла во котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе биде најизразен в долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 12 до 18. Во Скопје слично време, пoвремено облачно, наутро со услови за …

Променливо облачно со утринска магла во котлините Read More »

Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје


Поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје, денеска во периодот од 16:00 до 17:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат улицата 11.Октомври од крстосницата кај Црвен крст, преку улицата Димитрие Чуповски до крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“, улицата Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11.Октомври. Автобусите …

Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје Read More »

Заврши гроздоберската сезона во Кавадарци


Во Кавадарци се одбележа крајот на гроздоберската сезона. Синоќа се дегустираа и оценуваа производи од грозје како маџун, вино и ракија. Настанот беше во организација на Здружението “Винотек”, кое се залага за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје, а технички беше поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство …

Заврши гроздоберската сезона во Кавадарци Read More »

Пожар во гаража во Куманово, повредени две лица


Двајца кумановци синоќа се здобиле со изгореници од втор степен во пожар во гаража кој избувнал од експлозија на инсталација за плин на возило. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа, во 21,10 часот во Куманово на ул .„Никола Тесла“ настанал пожар во помошна просторија- гаража од куќа сопственост на М.Ј.. Поради невнимание при замена …

Пожар во гаража во Куманово, повредени две лица Read More »

Италијанската полиција откри поголемо количество дрога кај албански државјани


Италијанската полиција во две одделени акции заплени 32,5 клограми кокаин и околу 4,5 килграми хероин, одзеде неколку парчиња оружје и уапси четворица албански државјани, меѓу кои и две жени. Во првата акција, полицијата во Рим во багажникот на автомобилот во кој биле двајца Албанци на возраст од 50 и 37 години откри торба во која …

Италијанската полиција откри поголемо количество дрога кај албански државјани Read More »

Дијалогот Белград – Приштина би требало да заврши за 18 месеци


Оптимален период за кој би требало да заврши дијалогот меѓу Србија и Косово, на кој инсистираат САД, е 18 месеци, по што би требало да следи меѓународна конференција, објави „Спутник Србија“, повикувајќи се на неименувани извори. – Приштина со благослов на САД на повеќе европски адреси проследила предлог, со кој бара Бриселскиот договор да добие …

Дијалогот Белград – Приштина би требало да заврши за 18 месеци Read More »

Првaта дама на САД воодушевена од пандата Гу Гу


Меланија Трамп на Твитер сподели слики од зоолошката градина во Пекинг, која ја посети при нејзиниот престој во Кина. Панда Гу Гу има 120 килограми и навидум е многу питома и мила, но таа досега нападнала тројца и тешко ги повредила. – Колку е прекрасно да се запознае Гу Гу, напиша првата дама на САД, …

Првaта дама на САД воодушевена од пандата Гу Гу Read More »

Прободен малолетник од Скопје во меѓусебна тепачка


Малолетник од Скопје е прободен со остар предмет во пределот на грбот, синоќа на булевар „Видое Смилевски Бато“. Минситерството за внатрешни работи информира дека синоќа, околу 21.30 часот додека малолетникот Б.В од Скопје на бул.“Видое Смилевски Бато“ бил заедно со уште неколку другари, му пришле малолетникот С.Д., неговиот брат Н.Д (22) и уште едно постаро …

Прободен малолетник од Скопје во меѓусебна тепачка Read More »

Пуџдемон: ЕУ е карикатура


Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон изјави дека Европска унија е „карикатура на тоа што Европа е и тоа што сака да биде“. Пуџдемон ја критикува ЕУ поради нејзиниот одговор на кризата во Каталонија, поради поддршката од Брисел за Мадрид. Лидерите на многу европски државии, како и главните институции на Унијата застанаа на страната на шпанскиот …

Пуџдемон: ЕУ е карикатура Read More »

Неонка предизвика пожар во Археолошкиот музеј на Македонија


Во Археолошкиот музеј на Македонија попладнево интервенираа противпожарни екипи поради опожарена неонка во подземна просторија на Музејот што предизвикала зачадување. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски изјави за МИА дека интервенирале со четири возила и 14 пожарникари, бргу го локализирале и целосно го ликвидирале пожарот. Томевски рече дека не е причинета …

Неонка предизвика пожар во Археолошкиот музеј на Македонија Read More »