Италијанската полиција откри поголемо количество дрога кај албански државјани


Италијанската полиција во две одделени акции заплени 32,5 клограми кокаин и околу 4,5 килграми хероин, одзеде неколку парчиња оружје и уапси четворица албански државјани, меѓу кои и две жени.

Во првата акција, полицијата во Рим во багажникот на автомобилот во кој биле двајца Албанци на возраст од 50 и 37 години откри торба во која имало 32 килограми кокаин, со чија продажба би заработиле милионски суми.

При контролата открени одземени им се и 60.000 евра и оружје.

Според италјанските медуми ова е најголема количина на кокаин запленета во последно време.

Во втората акција запленети се околу 4,5 килограми хероин, 500 грама кокаин, мала количина марихуана, неколку парчиња оружје открени во стан на две Албанки на 71 и 21 годишна возраст, кои се уапсени.

Изминатите деновиве кај албански државјанин во Болоња полицијата заплени 11 килограми кокаин.