Четиригодишно девојче заврши во болница, испило капсула за перење алишта


Четиригодишно девојче испило дел од капсула за перење алишта и било однесено во Итната помош во Берово. „На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта“, соопшти полицијата. За […]

Здравко Чолиќ го собра цел Балкан на концертот во Битола (фото)


Еден е! Всушност, само двајца артисти во светот пејат над 40 песни на концерт – Bruce Springsteen и Здравко Чолиќ! Најголемата регионална поп-ѕвезда на сите времиња, синоќа, на стадионот „Петар Милошевски“, во Битола, на единствениот концерт летнава сезона во Македонија, собра околу 20.000 посетители од земјава и Балканот. Чола повторно ни донесе возбуда, спомени од […]

Поради топлотниот бран во Србија се троши струја како во зима, а се произведува трипати помалку


Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека нискиот водостој на Дунав предизвикува бројни проблеми во енергетскиот сектор, посочувајќи дека хидроелектраната „Ѓердап“ никогаш немала помало производство. Според неа, во последните три месеци е забележано рекордно ниско производство на електрична енергија, при што „Ѓердап 1“ работи со 20 отсто, а „Ѓердап […]

Жена самоубиец донела бомба пред луксузен ресторан во Москва


Импровизирана бомба, што жена ја носела, е причината за експлозијата во близина на луксузниот ресторан во центарот на Москва вчеравечер, соопштија властите. Во експлозијата загинаа тројца, а беа повредени најмалку 21 човек.Експлозијата се случила непосредно пред 20 часот по локално време, блиску до италијански ресторан сместен во еден од седумте облакодери од времето на Сталин, на […]

Милошоски од Мечкин камен: Демографијата е нашата нова борба за Македонија


Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август – Денот на Републиката во Крушево денеска во своето обраќање од Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е […]

Немилосрдните топлотни бранови во Велика Британија ја претворија „зелената земја“ во кафеава


Половина од Англија и целиот Велс официјално се во суша, а јули се очекува да биде најсувиот месец досега, бидејќи екстремната топлина, интензивирана од климатската криза, продолжува да ги зафаќа Велика Британија и Европа ова лето. Најавите оваа недела од Агенцијата за животна средина на Англија и Природни ресурси Велс го означуваат третиот ваков настан […]

ЕУ ќе одржи итен состанок за Сеута


ЕУ ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи во вторник, поради континуираните поделби во блокот околу пристигнувањето на повеќе од 50.000 мигранти на шпанската територија Сеута во северна Африка. Одлуката ја донесоа претставници на земјите-членки на ЕУ и експерти на граничната агенција Фронтекс на она што беше опишано како „отрезнувачки“ состанок во саботата. […]

СДСМ за пораките на Мицкоски: Тендер-патриотите сакаат на сила да се вметнат во историјата!


СДСМ реагира на говорот на премиерот Христијан Мицкоски во Пелинце оценувајќи дека тој и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат.   „ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа […]

Колапс на границата меѓу Хрватска и Црна Гора: Редови подолги од 20 километри


На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровачка. Според официјалните податоци од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), […]

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со младите, со мудра политика и национално помирување


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 2 Август – Илинден, порача дека Македонија треба да ја гради својата иднина врз идеалите на Илинден и АСНОМ, нагласувајќи дека државата се чува со вложување во младите, мудра надворешна политика и национално помирување. На свеченоста што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“ […]

Се запалила скара во Лептокарија, пожарот е угаснат


Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео во кое можеше да се види пожар во ТЦ Лептокарија, во општина Карпош.Најновите информации говорат дека пожарот е изгаснат. Пожарот во населбата Лептокарија во општина Карпош е изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“. На интервенцијата учествувала БППЗ на Град Скопје со 1 ПП возило и три […]

Честитка од ДУИ за Илинден: Иднината не се гради со надмоќ и поделби


И ДУИ испрати честитка за Илинден порачувајќи дека Македонија е заедничка татковина и дека иднината не се гради со поделби.  „2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево […]

Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ги победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија


Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во […]

ВМРО-ДПМНЕ честиташе и за Крушево и за АСНОМ


По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до граѓаните, оценувајќи дека Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода, сопствена држава и обврска кон идните генерации. Од партијата наведуваат дека во Илинден се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата која преку АСНОМ ги поставила […]

Костадиновски: Чин на највисок патриотизам денес е вистинска посветеност на владеењето на правото


По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд  Дарко Костадиновски упати честитка во која порача дека сите граѓани треба да се обединат околу Уставот и дека чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото. „Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 […]

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден вреди само ако градиме подобра иднина


Лидерот на најголемата опозициска партија Венко Филипче порача од Крушево дека зад силните зборови за Илинден треба да стојат вистински напори да се изгради слободна и достоинствена Македонија, инаку сето тоа не вреди.  „Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век […]

СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело – повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење


СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски со изјавата вчера за водата во Гостивар јавно признал кривилно дело, односно дека таа не била за пиење од почетокот на неговиот мандат, а не презел ништо.    „Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна. […]

Сиљановска: Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод Илинден во која порача декатоа е најсветиот македонски ден  „За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на […]

Дунав веќе не личи на река, нивото на вода намалено за речиси еден метар во Бугарија


Нивото на водата на реката Дунав во бугарскиот дел останува ниско и продолжува да опаѓа на места, објавува БГНЕС, повикувајќи се на податоци од хидрометеоролошките станици. Најниското ниво на водата е забележано во близина на Русе – минус 91 сантиметри, а во последните 24 часа нивото се намалило за уште 2 сантиметри. Во Орјахово нивото […]

Шпанија ќе гради 500 метри заштитна бариера на морската граница


Шпанија најави поставување бариера од 500 метри на морската граница помеѓу шпанската енклава Сеута во Северна Африка и Мароко по масовниот прилив на мигранти оваа недела, објави Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Според шпанската влада, помеѓу 50.000 и 60.000 мигранти ја преминале границата. Бројот на жртви се искачи на 67, но властите во Сеута изјавија  дека […]