Мицкоски јавно призна кривично дело – повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење
СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски со изјавата вчера за водата во Гостивар јавно признал кривилно дело, односно дека таа не била за пиење од почетокот на неговиот мандат, а не презел ништо.
„Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна. Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна.
Две години знаеле.Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода.А водата сѐ уште не е целосно исправна.По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски.Министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна. Сѐ уште чекаме официјална потврда.Сѐ уште не се доставени ни документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, додека граѓаните ја користат.
Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици места низ Македонија. Дали знаел и за другите места во Македонија?
Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, иако им порача на граѓаните на Македонија, поради изолацијата во која ја доведе државата, да летуваат во Македонија – на планините и езерата. Оди на екскурзија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење. Во Гостивар има епидемија на жолтица.За загадувањето на Лепенец и Вардар – нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија. Мицкоски сакаше да се претстави како спасител. Наместо тоа – јавно призна кривично дело“, тврдат од СДСМ.