Мицкоски ѝ кажа збогум на Европската унија. Ќе чека покана за членство


  Дали премиерот Христијан Мицкоски полека почнува да ја отвора вратата за назад од патот кон Европската унија? Ако се суди по неговата денешна изјава Македонија како да се откажува од сите години од 2005, кандидатскиот статус и сѐ што следеше потоа, вклучувајќи ги и скрининг процесот, преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција и сегашната […]

Рама: На 14 јули ги затвораме првите три поглавја од членството во ЕУ


На 14 јули во Брисел ќе се одржи 9. Меѓувладина конференција Албанија-Европска Унија, каде што се очекува Албанија да ги затвори првите три поглавја од преговорите. Премиерот Еди Рама објави дека Албанија се подготвува за оваа важна фаза од процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека патот кон ЕУ продолжува напред. Во објава на социјалните мрежи, […]

Филипче: Македонија повеќе не е на европската агенда поради Мицкоски


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека споредено со кога било досега, земјите кандидати никогаш немале поголема поддршка за да станат земји-членки на Европската Унија, пред се поради геополитичките и геостратегиските поместувања што во моментов се случуваат низ светот, а особено во Европа, но како што додаде, поради политиките на премиерот Христијан […]

Направена анализата за цените и маржите на околу 600 до 700 производи – трговците ќе бидат предупредени


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, но и дека е направена анализата за цените и маржите на околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски рече […]

Во Хрватска работат близу 7.000 Македонци: Подобра плата и услови за работа


Во Хрватска годинава работат 6.849 македонски државјани, покажуваат податоците за издадените дозволи за престој и работа на странци. Во првите пет месеци од 2026 година, хрватските власти издале вкупно 80.780 работни дозволи за граѓани од трети земји. Најбројни се работниците од Босна и Херцеговина, Србија, Филипините и Непал, додека меѓу најзастапените се и државјани од […]

Aero.rs: Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“


Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот […]

Левица: Владата ги штити инвеститорите, а младите остануваат без можност за сопствен дом


Расправата за ребалансот на Буџетот во Собранието ја отвори темата за станбената политика, откако Левица преку четири амандмани предложи обезбедување средства за изградба на јавен станбен фонд и социјални станови во Скопје, Велес, Штип и Кочани. Од партијата обвинија дека Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не понудиле никаква стратегија за справување со растот на цените […]

Се продаваат запленетите станови на поранешниот премиер Никола Груевски


Агенцијата за управување со одземен имот повторно објави датум за лицитација за продажба на трите запленети станови на поранешниот премиер Никола Груевски. Становите, кои беа конфискувани во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ ќе се продаваат на лицитации закажани за 29 јули, во 9, 11 и во 13 часот. Според огласот, сите станови се на иста […]

Нови правила за паркирање во стариот дел на Охрид од понеделник


Од понеделник, 13 јули, во Охрид започнува примената на новиот режим на паркирање на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, соопшти ЈП „Билјанини Извори“. Паркинг-местата на овие улици ќе можат бесплатно да ги користат само резидентните жители кои поседуваат соодветна документација и важечка резидентна налепница. За останатите возила паркирањето на обележаните места ќе биде […]

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари


Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски. -Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот – нагласи министерот. Во рамките […]

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе


Бројот на загинати луѓе во двата големи земјотреса во Венецуела се искачи на 4.118, изјави претседателот на Народното собрание Хорхе Родригез. Двата земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни повредени се 16.740 луѓе, а 17.907 лица останаа без домови. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени по Рихтеровата скала најтешко го погодија главниот […]

Десет луѓе загинаа при пад на мал авион на Бахамски Острови


При пад на мал авион на Бахамски Острови загинаа десет луѓе. Авионот се урна синоќа во Норт Андрос, западно од главниот град Насау. Сè уште не е објавен идентитетот на жртвите. Премиерот на Бахами, Филип Брејв Дејвис изјави дека несреќата ја преживеа еден патник, но подоцна соопшти дека му подлегнал на повредите. – Денешниот празник […]

Заврши заложничката драма во Берлин


Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во главниот град на Германија, Берлин. – Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман. Жената беше заробена синоќа околу 22 часот по локално време, во супермаркет во јужниот берлински кварт Мариенфелде.

Трамп издаде наредба армијата да го нападне Иран во случај на обид за атентат врз него


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него. – Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на […]

Пукна главна цевка: Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково без вода


Повеќе скопски населби и неколку општини денеска ќе останат без вода поради дефект на главната водоводна мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот, а без вода ќе бидат дел од корисниците во Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Од ЈП „Водовод и […]

Куба повторно нема струја


Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони […]

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе


Од северните и источните делови на Тајван евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави. Иако Бави слабее и не се очекува да го погоди брегот на Тајван, властите во Тајпеј презеде мерки на претпазливост за да спречат евентуални  жртви. Откажани се 917 меѓународни летови, како и сите 274 домашни летови […]

Заложничка драма во Берлин


Во главниот град на Германија, Берлин во тек е полициска акција за ослободување на жена која синоќа беше земена за заложник во еден супермаркет. Жената е заробена синоќа околу 22 часот по локално време, но засега не е познат мотивот на киднаперот. Инцидентот се случи во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Во моментот двајцата се во […]

Мета експресно ја повлекува алатката што ги претвораше јавните профили на Инстаграм во слики од вештачка интелигенција


Мета експресно повлече нова функција што им овозможуваше на корисниците да користат вештачка интелигенција (ВИ) за да креираат лажни слики од содржината на профилите на Инстаграм на корисниците. Функцијата беше дел од алатката Muse Image, која Мета ја објави во вторник, која му дозволуваше на четбот со вештачка интелигенција да користи содржина од јавни профили […]

Еве кој игра на Светското првенство вечерва: Спектаклот започнува во 23 часот, Меси игра среде ноќ


Остануваат уште два четвртфинални натпревари, а победниците од натпреварите Норвешка-Англија и Аргентина-Швајцарија ќе се сретнат во полуфиналето. Светското првенство влегува во својата последна фаза, а вечерва ќе ги дознаеме последните два полуфиналисти. Откако Франција и Шпанија веќе обезбедија голем судир, закажани се уште два четвртфинални натпревари. Првиот натпревар ќе се игра во 23:00 часот по […]