Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари


Фото: Б. Грданоски

Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски.

-Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот – нагласи министерот.

Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, додаде тој, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

-Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството. Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство – нагласи Трипуновски.