„Одисеја“ на Нолан ги освои и академиците: Филмот започна дискусии како никогаш досега и го враќа Хомер во училниците


Лос Анџелес – Кристофер Нолан уште еднаш покажа дека неговите филмови ги надминуваат границите на филмот. Додека публиката низ целиот свет ја видe и допрва ќе ја види „Одисеја“, дебатата веќе се одвива на универзитетите, меѓу експертите за античка литература, историја, археологија и филм. Наместо да прашуваат дали филмот е верен на Хомер, академиците се […]

Јубилејно 15. издание на културно-уметничката манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца


Со богата културно-уметничка програма вечерва во охридското село Трпејца почнува јубилејното 15. издание на културно-забавното лето „На зајдисонце“, манифестација која со текот на годините прерасна во препознатлив културен настан што ги обединува уметноста, традицијата и туристичката понуда на тоа крајезерско место. Свеченото отворање ќе биде збогатено со повеќе содржини, меѓу кои промоција на монографијата „Петнаесет […]

Почна политизацијата на труењето во Гостивар, власта ја обвинува опозицијата


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска преку писмено соопштение ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од, како што велат, коалицијата на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, за несовесно раководење со општинските институции поради што над 1.000 граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење. Од вчера во Гостивар е прогласена епидемија по […]

Сините патувања се тренд : Турција ги открива најубавите рути на Егејот и Медитеранот


Одморот покрај вода повеќе не се доживува само како можност за релаксација, туку и како начин за подобрување на менталната благосостојба. Затоа, концептот BlueMind, кој го истакнува благотворното влијание на морето и водата врз менталното здравје, денес се вбројува меѓу најбрзо растечките туристички трендови.Благодарение на своето илјадници километри долго егејско и медитеранско крајбрежје, Турција нуди […]

Имало отстапувања од нормалните параметри, покажуваат анализите на водата во Гостивар


Резултатите од вонредните испитувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за квалитетот на водата во Гостивар се веќе готови, при што се утврдени одредени отстапувања од нормалните параметри, објави „Слободен печат“. Ваквиот епилог кореспондира со актуелната состојба во градот, каде стотици граѓани деновиве побараа лекарска помош поради симптоми на стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Сепак, точните […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија


Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот […]

Џеј Ди Венс доби син, прво бебе на актуелен потпретседател по 156 години


Вашингтон – Потпретседателот Џ.Д. Венс и неговата сопруга, втората дама Уша Венс, во недела го објавија раѓањето на нивното четврто дете, прво родено за време на актуелен потпретседател по повеќе од 150 години. Роден во недела, Алек Нил Венс им се придружува на постарите браќа и сестри Јуан (9); Вивек (6); и Мирабел (4). Венс […]

Тројца мртви пронајдени во превртен „Мерцедес“ со германски таблици кај ГП Блаце


Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР. – На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници […]

СДСМ: Билбордот е најмалиот проблем во Скопје – но покажува колку е нестручен градоначалникот Орце


Срамниот билборд на влезот во Скопје со коњ со пет нозе, мост како вијадукт без крај и белградски храм, не е најголемиот проблем на главниот град. Тој е само највидливиот доказ за нивото на нестручност и аматеризам на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението од СДСМ. „Додека градоначалникот се оправдува со „печатни […]

Вечер посветена на Нина Спирова во КИЦ Белград


Македонскиот Културно информативен центар (КИЦ) Белград годинава ќе реализира музички портрети на легендарните музички ѕвезди: Нина Спирова, Маја Оџаклиевска и Бети Ѓорѓевиќ. Првиот од трите „Портрети“ посветен на Нина Спирова (Прилеп 1938- Коштуниќи, Р. Србија 2020), една од најголемите македонски интерпретаторки на сите времиња на забавни мелодии и на традиционални македонски песни, ќе се случи […]

Директорот на „Кроација рекордс“ стана член на The Recording Academy


Санта Моника – Долгогодишниот директор на „Кроација рекордс“ од Загреб, Желимир Бабогредац, стана член на „Академијата за снимање“, истакната американска организација која ги обединува музичарите, продуцентите, текстописците, инженерите за звук и другите музички професионалци и стои зад најпрестижната музичка награда во светот – „ГРЕМИ“. Ова членство меѓународно го признава неговото долгогодишно работење, придонесот во развојот […]

Ја сакаш Адел? Ти фали Ејми Хаус? Тука е Џош Стоун и доаѓа во Скопје


Суперѕвездата Џош Стоун по девет години пак доаѓа во Скопје, како дел од европската турнеја, на 21 јули, на Страдион на АРМ, во 21 часот, на OPEN AIR концерт, како прв изведувач на Скопје Колинг 2026, соопшти организаторот „Авалон продукција“.  „Ако постои пејачка која во 21 век, покрај непрежалената Ејми Вајнхаус, ја внесе на највозбудлив […]

СП 2026: Кубарси прогласен за најдобар млад играч, Симон најдобар голман


Њујорк – Шпанскиот дефанзивец Пау Кубарси ја доби наградата за најдобар млад играч на Светското првенство 2026. Деветнаесетгодишникот ги одигра сите осум натпревари на турнирот без замени и доби само еден жолт картон. Шпанија прими еден гол на Светското првенство 2026, што е рекорд за екипите што го освоија Светското првенство.  Шпанскиот голман Унаи Симон е […]

Родри прогласен за најдобар играч на Светското првенство 2026


Њујорк – Шпанскиот играч од средниот ред Родри е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство 2026 година во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Триесетгодишниот фудбалер не успеа да постигне гол во осум натпревари на турнирот. Во финалето, Шпанија ноќеска ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата. Родри претходно го освои Европското првенство […]

Фекалии, септички јами и пестициди: Анализа на ИЈЗ за Охридското, Преспанскотo и Дојранското езеро


Извештајот на Институтот за јавно здравје открива дека најголем дел од плажите во Охридско, Преспанско и во Дојранско се безбедни за капење, но старите проблеми со загадувањето остануваат. Во Охридско и натаму закана се фекалните води, септичките јами и неисправната канализација, а во Дојранско – пестицидите и отпадните води. Институтот бара итно да се среди […]

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1


Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е […]

Како Мицкоски ја враќа довербата во правосудниот систем


За само неколку месеци премиерот Христијан Мицкоски и пропагандната фабрика на ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициски партнери го постигнаа најголемиот успех на најдобрата влада која мораше да биде реконструирана за да биде уште подобра. Променет е речиси целиот корумпиран правосуден систем. Воспоставено е извонредно успешно  владеење на правото во сите судски инстанци. Тоа што на никој […]

Скалони не ја исклучи можноста да ја напушти функцијата селектор на Аргентина по истекот на договорот


Њујорк – Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, објави дека има намера да го одработи својот договорот до крајот, а потоа не е сигурен дали ќе остане на функцијата. -Ќе продолжам како селектор на Аргентина до декември. А потоа веројатно ќе заминам, рече Скалони ноќеска на прес-конференцијата по поразот од Шпанија во финалето на Светското […]

Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство


Буенос Аирес – Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство, објавија аргентинските медиуми. -Тројца полицајци се повредени во нападите. Исто така, регистрирани се кражби на телефони и лични предмети. Официјални извори потврдија дека најмалку 15 лица се […]

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути


На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез […]