Сините патувања се тренд : Турција ги открива најубавите рути на Егејот и Медитеранот


Одморот покрај вода повеќе не се доживува само како можност за релаксација, туку и како начин за подобрување на менталната благосостојба. Затоа, концептот BlueMind, кој го истакнува благотворното влијание на морето и водата врз менталното здравје, денес се вбројува меѓу најбрзо растечките туристички трендови.Благодарение на своето илјадници километри долго егејско и медитеранско крајбрежје, Турција нуди идеални услови за доживување на овој концепт преку својата препознатлива традиција на Сините патувања (BlueVoyage).

Сините патувања нудат сосема поинаков ритам во споредба со динамичните одмори исполнети со обврски. Тие им овозможуваат на туристите пловење меѓу скриени заливи, капење во тиркизни води, престој во мали крајбрежни места и откривање на природните и културните богатства долж брегот.

Патувањето може да започне во Измир, со популарните Чешме и Алачати, каде што посетителите ги очекуваат живописни крајбрежни места, плажи, едрење и врвна егејска гастрономија. Потоа следува Бодрум, кој се смета за „родното место“ на Сините патувања во Турција. Токму оттаму започнуваат најпознатите крстарења со традиционалните турски дрвени бродови, познати како гулети, што водат кон Гумушлук, Битез, Јаликавак, островот Орак и Заливот Ѓокова, познат по своите мирни заливи и богатиот подводен свет.

Рутата продолжува кон полуостровот Датча и Мармарис, каде што маслиновите насади, камените куќи и скриените заливи создаваат автентична медитеранска атмосфера. Љубителите на историјата можат да го посетат античкиот Книдос, додека во Мармарис вреди да се разгледаат историскиот замок и музејот.

Една од најатрактивните делници води низ Заливот Фетије и Ѓочек, за кои се смета дека се меѓу најдобрите едриличарски дестинации во Турција. Пловењето покрај островите, природните заливи и потонатите остатоци кај Бањите на Клеопатра нудат единствено искуство, а во близина посетителите можат да доживеат панорамски лет со параглајдер над прочуената лагуна Олудениз.

Финалето на Синото патување е долж Турската ривиера, на рутата меѓу Каш и Кекова. Освен пловењето низ тиркизните заливи и можностите за нуркање, овој дел од брегот е познат и по Потонатиот град во Кекова, кој може да се разгледа и со кајак, како и по богатото археолошко наследство на Анталија, античките локалитети Аспендос и Патара, плажите со „Сино знаме“ и делниците од Ликискиот пат.

Без разлика дали станува збор за неколкудневно пловење со традиционален гулет или за истражување на крајбрежните градови и заливи, Сините патувања се еден од најавтентичните начини да се доживее Турција, преку морето, природата, културното наследство и медитеранската гастрономија, во ритам што овозможува вистинско опуштање и поврзување со природата.

(Комерцијален текст)