Ја сакаш Адел? Ти фали Ејми Хаус? Тука е Џош Стоун и доаѓа во Скопје
Суперѕвездата Џош Стоун по девет години пак доаѓа во Скопје, како дел од европската турнеја, на 21 јули, на Страдион на АРМ, во 21 часот, на OPEN AIR концерт, како прв изведувач на Скопје Колинг 2026, соопшти организаторот „Авалон продукција“.
„Ако постои пејачка која во 21 век, покрај непрежалената Ејми Вајнхаус, ја внесе на највозбудлив и најквалитетно можен начин, соул музиката пред сè, а потоа и останатите квалитетни музички правци, тоа е секако Џош Стоун“, велат од организацијата.
„Нејзиниот квалитет (како и фактот дека стана најбогата пејачка на светот до 30 години) ѝ овозможи на Joss да може да прави буквално што сака!И да свири на фестивали како Glastonbury, и да прави турнеи по клубови со кои го обиколи целиот свет, како Total World Tour, која траеше 6 години. Во склоп на таа турнеја, Joss настапи и во Скопје со клупско шоу, и се разбира – планираните 1000 влезници се распродадоа за неколку минути!“, велат од „Авалон“.
Стоун, 2016 настапи во МКЦ, во рамки на „Скопје џез фестивал“, а во Скопје се дружеше и со нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева.
