Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство


Буенос Аирес – Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство, објавија аргентинските медиуми.

-Тројца полицајци се повредени во нападите. Исто така, регистрирани се кражби на телефони и лични предмети. Официјални извори потврдија дека најмалку 15 лица се уапсени во врска со овие инциденти, објави TN.

Доминантната Шпанија ја скрши Аргентина во продолженијата и стана светски шампион

По поразот на Аргентина од Шпанија, илјадници навивачи се собраа кај националниот споменик Обелиск. Првично, протестот беше мирен, но подоцна група луѓе почнаа да фрлаат камења и шишиња кон полицијата. Неколку лица се искачија и на оградата околу Обелискот и потоа беа приведени од полицијата. 

Според весникот „Кларин“, во судирите биле повредени седум полицајци. Весникот известува дека органите за спроведување на законот употребиле солзавец и водни топови за да ги растераат насилните демонстранти.