„Нова економија“: Инцидентот како оној со српскиот патник во авионот на „Рајанер“ не е единствен


Инцидентот во кој српски патник беше делумно извлечен низ скршен прозорец на авион на „Рајанер“ е само еден од 56-те инциденти и несреќи регистрирани на патнички летови во светот од почетокот на 2024 година, објави „Нова економија“. Од нив, 12 се однесуваат на летови на нискобуџетни авиокомпании, покажуваат податоците на базата „Авиејшн сејфти нетворк“ (Aviation […]

Почина Оливера Катарина, ѕвездата на југословенскиот филм


Легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина, која пленеше со својата убавина, почина на 87-годишна возраст во Белград, објави нејзиното семејство. Оливера Катарина беше една од најпопуларните актерки и пејачки во Југославија на почетокот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век. Родена како Оливера Петровиќ во Белград во 1940 година, по дипломирањето на Правниот факултет, […]

Невремето го поплави Меѓународниот аеродром Скопје- патниците газеа низ вода


Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ кои се движат патниците. Водата се разлева по подот, додека присутните се обидуваат да […]

УХМР: Големо невреме во Црна Гора се движи кон Македонија


 Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,…

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје


Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски.  Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител […]

Пиењето вода со фекалии доведува до ризик од автоимуни и метаболички заболувања


Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот фејсбук профил Милан Ристевски, […]

Шест повредени во невремето во Скопје примени во болница, тројца се пуштени дома


 Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. – Сите […]

Откажан концертот на Џос Стоун во Скопје, невремето ја оштетило опремата


Откажан е концертот на познатата британска пејачка Џос Стоун што требаше да се одржи вечерва во  Скопје на стадионот на АРМ. Ова вечерва го соопшти организаторот, „Авалон“, на официјалниот профил на Фејсбук, само неколку часа пред почетокот на долгонајавуваниот настан. Причината, како што велат од „Авалон“, е штетат на опремата предизвикана од невремето што попладнево […]

Тимови од скопски „Водовод“ го проверуваат системот за вода во Гостивар, првично потребно е хиперхлорирање, вели Тошковски


Експертски тимови од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје попладнево се во Гостивар, со цел да утврдат, но и да преземат мерки за враќање на нормалното водоснабдување на градот Гостивар, откако се случи епидемијата со труење од водата за пиење,  информираше на денешната прес-конференција  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а на која присуствуваа и министерот […]

Албанската компанија “KAYO” во септември започнува со производство на дронови


Албанската државна компанија за производство на оружје “KAYO” во септември ќе започне со производство на беспилотни летала. Веста ја објави директорот на компанијата, Арди Велиу, на прес-конференција, каде што изјави дека производството во воената област е сложен процес што бара исполнување на високи безбедносни и лиценцирачки стандарди. -Производството во воената област е комплициран процес, не […]

Колку „тежи“ Кристофер Нолан?


Лос Анџелес – Со премиерата на „Одисеја“ во кината ширум светот на 17 јули 2026 година, сите очи повторно се насочени кон режисерот, Кристофер Нолан. 55-годишниот режисер не само што реализираше еден од своите најамбициозни проекти досега – епски филм со мечеви и сандали вреден 250 милиони долари, целосно снимен во IMAX 70mm – туку […]

Муцунски: На индиските компании им нудиме конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар


Нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар. За нас Индија не е само важен пазар, туку и стратешки економски партнер со кого имаме огромен потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија […]

ДОМ: Гостивар покажа дека се прават лажни и фиктивни проверки на водата!


Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор.   „Овој скандал не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано […]

Тања Фајон доби вето од Јанша заради Македонија


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во неделата вечерта ја известила поранешната министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, дека ја повлекува номинацијата за нејзино именување на позицијата специјален претставник на ЕУ за Сахел, објави словенечкиот портал 24Ур. Ова следи по изборот на новата влада на Словенија предводена од […]

Пожар на возила во Чаир, се истражуваат причините и се утврдуваат штетите


Во раните утрински часови на 21 јули 2026 година, на улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир избувна пожар во кој целосно изгоре „Сеат алтеа“, а оштетени беа уште две возила и близок угостителски објект. Полицијата и противпожарните екипи извршија увид, додека причините за инцидентот остануваат предмет на тековна истрага. Околу 04:15 часот, настанот е пријавен […]

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје (фото)


Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако дивеењето не траеше повеќе од десет минути. Од ветрот граѓани не можеа да се движат по улиците, а и беше опасно од прашината, дрвјата што паѓаа и разните предмети. На тоа уследи обилен дожд  кој ги прекри улиците. Голема […]

Светислав Пешиќ ќе обучува македонски кошаркарски тренери во Скопје


Еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стратези Светислав Пешиќ ќе биде главен предавач на дводневен стручен семинар што на крајот од август во Скопје ќе ги собере сите македонски кошаркарски тренери. Како што соопшти денеска Македонската кошаркарска федерација (КФСМ), годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август со учество на […]

Погледнете како изгледа Чиле денес, паднаа четири метри снег


Додека поголемиот дел од Европа се бори со високи температури, вистинска зима е во полн ек на другата страна од светот. Во Чилеанските Анди, во последните денови падна огромна количина снег, а некои скијачки центри се буквално затрпани. Силна зимска бура ги погоди планинските региони на Чиле и Аргентина, целосно менувајќи го пејзажот за само […]

Златко Перински назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување


Владата денеска на седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.   Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод […]

Колку заработи Шакира од полувремето на финалето на Светското првенство?


Њујорк – Шакира беше една од пејачките на првото полувреме на финалето на Светското првенство на ФИФА во недела, 19 јули. Шакира настапи по втор пат на ова Светско првенство, по нејзиниот настап на отворањето на 11 јуни на стадионот во Мексико Сити. Шакира ја изведе својата песна на Светското првенство, „Dai Dai“, со Burna […]