ДОМ: Гостивар покажа дека се прават лажни и фиктивни проверки на водата!
„Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго.Демократски сојуз исто така смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на:
1. Водата што се користи за наводнување,
2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и
3. Почвата.
Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување. Инаку, оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри.
Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е брзо дејствување од сите локални и државни институции.Одговорност мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба, порзачуваат од оваа партија.
Конечно со реакција се јави и ДУИ иако не владее со општина Гостивар. Нивната главна порака е одговорност и здравјето на граѓаните пред се.
„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. Безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност да постапат за да го утврдат изворот на контаминацијата, институционалната одговорност и да разјаснат дали навремено биле преземени сите неопходни мерки за заштита на граѓаните. Секое одложување или прикривање на информации само ја зголемува несигурноста и ја нарушува довербата на јавноста.
ДУИ целосно ја поддржува секоја професионална и независна истрага што ќе го расветли овој случај, ќе го заштити здравјето на граѓаните и ќе обезбеди секој што е одговорен да се соочи со правдата. Истовремено, бараме редовно и транспарентно информирање на јавноста, непречено снабдување со безбедна вода за погодените семејства, како и континуирани лабораториски контроли сѐ до официјална потврда дека водата е целосно безбедна за употреба.Здравјето на граѓаните мора да биде над секој друг интерес. Одговорноста, транспарентноста и брзото постапување се институционална обврска, а не избор“, реагираат од ДУИ.