Две лица загинаа во невремето во Албанија


Невремето што вчера ја зафати Албанија однесе два човечки живота, пренесуваат албанските медиуми. Електричар на државната електро-енергетска компанија загина за време на интервенција во три часот по полноќ, кога паднал од столб во Химаре, откако му се скинал безбедносниот појас. Втората жртва е рибар во Ксамил, кој го дочекал невремето во немирното море. Ветрот го […]

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравје?


Не секоја форма на здравствена заштита мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од најдобрите одлуки е едноставна – да се прошетате и да го движите телото. Утринската прошетка, особено пред да започнете со вашите дневни обврски, може да има бројни придобивки за телото. Покрај подобрувањето на циркулацијата и движењето […]

ФИФА го објави најдобриот состав на Светското првенство


По завршувањето на Светското првенство, ФИФА го објави Dream XI, или идеалниот тим на турнирот. Тоа е избор на платформата на ФИФА, а меѓу првите 11 беа вклучени некои очекувани големи имиња, но и неколку интересни изненадувања. На голот е Возиња, голманот на Зеленортските Острови, една од најубавите приказни на турнирот. Иако неговиот тим не […]

Берлин ги отфрли обвинувањата на Русија за германска нуклеарна програма како пропаганда


Германија денеска остро ги отфрли руските тврдења дека тајно спроведува истражувања поврзани со развој на нуклеарно оружје. – Германската влада оваа изјава ја смета за дел од вообичаената руска пропаганда – изјави заменик-владиниот портпарол Штефен Мајер на прес-конференција во Берлин. Според германските власти, кругови блиски до руските разузнавачки служби преку комуникациски платформи ја ширеле информацијата […]

Иран најави одмазда низ целиот регион: Ќе ја таргетираме цивилната инфраструктура ако Американците ги нападнат нашите мостови


Иран издаде остро предупредување дека ќе возврати со напади врз цивилната инфраструктура низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги мостовите и енергетските објекти, ако Соединетите Американски Држави (САД) извршат напади врз иранските објекти. Предупредувањето доаѓа како директен одговор на претходната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека САД ќе ги таргетираат иранските мостови и електрани […]

Скопските општини со комисии за пријавување на штетите од невремето – Градот има фонд за обесштетување


Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот […]

Водата во Гостивар сè уште е неисправна за пиење и за техничка употреба


Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓудругото, се […]

Со проекција на документарни филмови во шест населени места заврши 17-тото Патувачко кино на „МакеДокс“


Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните дворови и на останатите јавни простори кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја кино-вечер нуди можност за средба, разговор и заедничко споделување на приказни кои инспирираат, отвораат прашања и поттикнуваат […]

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран


Париз – Франција регистрирала 5.764 дополнителни смртни случаи за време на исклучително силниот топлотен бран што ја зафати земјата од 17 јуни до 2 јули, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Од Агенцијата наведоа дека зголемената вкупна смртност засега не може со сигурност да се припише исклучиво на високите температури. Според привремените податоци, ова е […]

Украина одобри извоз на дронови во САД за програмата на Пентагон


Киев – Украина одобри извоз на дронови во САД, кои ќе учествуваат во програмата за симулација на борби, организирана од Пентагон. Според неименуван извор, шест украински компании добиле дозвола за извоз на приближно сто дронови. Ниту Украина ниту САД официјално не коментираа. Украина и САД исто така преговараат за поширок нацрт договор за украинските дронови, а […]

Главниот обвинител на Унгарија поднесе оставка поради неприфатлив „јавен и политички притисок“


Будимпешта – Државниот обвинител на Унгарија, Габор Балинт Наѓ, денеска соопшти дека поднел оставка и оти функцијата ќе ја напушти на 25 август, наведувајќи дека обвинителството било изложено на неприфатливи јавни притисоци. „Во последниот период обвинителството со кое раководам беше изложено на низа напади насочени кон мојата личност, кои ги надминаа границите на прифатливата професионална и […]

Европа подготвува ракета за удар длабоко во Русија. Програмата вреди 35 милијарди евра


Велика Британија и Германија тајно развиваат нова ракета со долг дострел што би можела да достигне цели во Русија на растојание до 2.000 километри. Проектот е дел од поширок план за зајакнување на европските одбранбени капацитети и намалување на зависноста од воените системи на Соединетите Американски Држави, пишува Киев Пост. Програма „Длабок прецизен удар“ Далестиот […]

„Виз Ер“ отвори оперативна база на меѓународниот аеродром во Приштина


Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска отвори оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Се очекува со отворањето на базата да го зголеми бројот на авиолинии од Косово со различни дестинации, да ги прошири можностите за патување за граѓаните и да придонесе за економскиот развој на земјата. Премиерот на Косово, Албин Курти на церемонијата […]

Србија ги продава ЈАТ апартманите на Копаоник за 5,2 милиони евра


Министерството за економија на Србија објави покана за приватизација на компанијата „Јат апартмани Копаоник“, по почетна цена од 5,2 милиони евра, а купувачот мора да биде домашно правно лице регистрирано за хотелиерство, пишува Недељник. Како што е наведено, предмет на продажба е 100 проценти удел во сопственост на Србија, а според проценката од документацијата, вкупната […]

За Зелен Хуман Град епидемијата во Гостивар е свесен биолошки напад


Зелен Хуман Град  го смета за свесен биолошки напад и терористички чин загадувањето на водата во Гостивар. Во реакцијата објавена денес тие сметаат дека коренот на сите несреќи во Македонија е ист – картелизирани јавни институции со неспособни партиски кои ги крадат парите на граѓаните.  „Нова недела, ново фијаско на македонските институции – илјадници граѓани […]

Хрватска ѝ порача на Црна Гора: Бевме трпеливи, но време е за решителни чекори


Загреб – Време е црногорската влада да преземе решителни чекори во решавањето на отворените прашања со Хрватска, бидејќи ова е клучно за нејзиниот пат кон ЕУ, објави денес Министерството за надворешни и европски работи (МВЕП), еден ден откако европската комесарка за проширување Марта Кос го посети Загреб. Принципот на добрососедски односи е еден од клучните […]

Европската комисија ја отфрли иницијативата за забрана на миграцијата на незападното население


Европската комисија (ЕК) денес ја отфрли граѓанската иницијатива за воведување мораториум на миграцијата за луѓе од незападно потекло, бидејќи не ги исполнува формалните услови и е спротивна на вредностите на Европската Унија, објави извршното тело на ЕУ. Иницијативата „Закон за спасување на Европа“ ја покренаа холандската политичка коментаторка и активистка Ева Влардингербрук и австрискиот активист […]

Орбан повика на отпор кон „тиранијата“ на Маѓар


Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан по вчерашната рација во опозициската партија Фидес и одземање на серверите, ја обвини новата влада дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“. – Во Унгарија повторно почна ерата на тиранијата … Унгарија не е веќе демократска држава. Новиот политички систем создаден на […]

Пронајдени јајца од цревен паразит кај гостиварец по пиење на водата со фекалии


Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од партијата Левица, Дарко Грујоски денеска објави дека има бактерија во организмот од водата со фекалии која речиси цел месец циркулира низ гостиварскиот водоснабдителен систем. Според микробиолошкиот наод кој го објави Грујоски, кај него се пронајдени јајца од цревен паразит – Ascaris lumbricoides. Овој паразит е познат по тоа […]

Принцезата Шарлин блесна во златна тоалета на Балот на Црвениот крст во Монако


Монте Карло- Принцезата Шарлин и принцот Алберт беа домаќини на Балот на Црвениот крст во Монако , еден од најважните настани во летниот социјален календар на кнежевството. За таа пригода, Шарлин носеше светкав дизајн на едно рамо со столб од Ели Сааб, еден од нејзините омилени дизајнери. Некои од нејзините најпаметни неодамнешни изгледи од либанскиот […]