„Виз Ер“ отвори оперативна база на меѓународниот аеродром во Приштина


Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска отвори оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина.

Се очекува со отворањето на базата да го зголеми бројот на авиолинии од Косово со различни дестинации, да ги прошири можностите за патување за граѓаните и да придонесе за економскиот развој на земјата.

Премиерот на Косово, Албин Курти на церемонијата на отворањето изјави дека одлуката на „Виз ер“ е доказ дека земјата се смета за сè посигурна дестинација со голем инвестициски потенцијал и јасна развојна перспектива.

Според Курти, овој развој покажува дека земјата станува сè попривлечна за цивилното воздухопловство, создавајќи можности за проширување на воздушните врски, зголемување на конкуренцијата и поголеми придобивки за граѓаните и економијата на земјата.