Курти ги покани претседателите на ДПК, ДСК и Алијансата на заеднички состанок


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Движењето Самоопределување (ПС) и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ги покани лидерите на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Демократската партија на Косово (ДПК) и Алијансата, на состанок со цел конституирање ње на институциите на Косово.

За разлика од претходните повици, според косовски медиуми, овојпат Курти побарал заедничка средба со Љумир Абиџику од ДСК, Бедрим Хамза од ДПК и Адриан Џини од Алијансата.
Курти досега одржа четири средби со лидерот на ДСК, како и една средба со претседателот на ДПК, но ниту една од нив не резултираше со успех.

Во меѓувреме, претседателот на Алијансата, Ардијан Џини, одби да се сретне со Курти.

Продолжението на конститутивната седница на Собранието на Косово беше прекинато по вторпат во саботата, 8 август, на барање на Курти, а уставниот рок за конституирање на собранието истече на 6 август.