„Тие сцени не припаѓаат на фудбалот“: Де ла Фуенте прозборе за инцидентот на финалето


Селекторот на Шпанија, новиот светски првак Луис Де ла Фуенте за прв пат јавно прозборе и за инцидентот, кој се случи по завршувањето на финалниот натпревар против Аргентина на стадионот во Њу Џерси. –  Во моментите додека го славевме триумфот и не бев свесен што навистина се случувало. Но, она што го видов e неприфатливо. […]

И камилите не можат да ја преживеат екстремната топлина


Дури и најотпорните во пустините на планетата почнаа да подлегнуваат на екстремната топлина. Експертите велат дека тоа е нешто што досега не сме го виделе. Со векови, камилите се слават како врвни „бродови на пустината“, познати по нивната способност да напредуваат во суви средини кои се премногу сурови за речиси секој друг добиток. Сепак, ескалацијата […]

Белгија изненадува со нов селектор: Тимот ќе го води големо холандско име


Марк ван Бомел е новиот селектор на белгиската фудбалска репрезентација, официјално потврди Белгиската фудбалска асоцијација. Поранешниот холандски репрезентативец потпиша договор до крајот на Европското првенство во 2028 година, а ќе ја преземе новата функција на 15 август. „Голема чест е за мене да станам селектор на Белгија“, изјави 49-годишниот Ван Бомел по неговото назначување. Холандскиот […]

Владата позајмила 7 милиони евра од М-НАВ


  Со одлука што ја изгласала на седница на 14 јули, Владата зема заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ), објави порталот „Сдк“. Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17јули ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се […]

Лагард очекува Македонија во ноември да се приклучи кон иницијативата за инстант плаќања


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното […]

Утре бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес


По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот. Со панорамски автобус и стручен туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да слушнат приказни за објектите што […]

Зулфикар Зејнула избран за нов министер. Ќе биде без ресор, допрва ќе добие задолжение


  Брзо откако неговата партија, Демократска партија на Турците (ДПТ), влезе во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер, Зулфикар Зејнула е избран за министѕер без ресор. За тоа гласаа 67 пратеници, а 13 беа против. Коалицијата предводена од СДСМ не го поддржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер […]

Меџик Џонсон објави фотографии од Дубровник, неговиот син привлече внимание


Една од најголемите кошаркарски легенди, Ервин „Меџик“ Џонсон, и годинава е лојален на Хрватска ова лето. Тој го продолжи одморот на Јадранското Море со пристигнување во Дубровник, кој повторно стана неизбежна станица на неговата медитеранска рута. Славниот 66-годишник пристигна во Дубровник овој викенд, и веднаш сподели дел од атмосферата со своите бројни следбеници на социјалните […]

 Нова опасна фаза од војната ги руши сите ограничувања на пазарот на нафта


Пазарот на нафта се покажа како пркосно отпорен, но таа упорност се соочува со најголемата закана од почетокот на војната со Иран. Извонредните заобиколувања на енергетската индустрија за најголемиот нафтен шок во светот ги изолираа потрошувачите од криза со инфлацијата и прифатливоста на цените. За време на војната, цените на суровата нафта се зголемија непријатно […]

Бела пена се влева по Лепенец во Вардар – Ѓорѓиевски најави санкции


Необична пенлива супстанца го покри вливот на реката Лепенец во реката Вардар, во Скопје. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски излезе на терен со инспекциски служби и посочи дека иако ова е во ингеренции на Министерството за животна средина, тие земале мостри и ќе испитаат кој е загадувачот. Тој вели дека вакви испади и неодоговрно однесување […]

Десетмина загинати и 100 повредени во руски ракетен напад на воена изложба во Киев


  Руските сили нападнаа полигон за обука во регионот на Киев каде што се одржуваше изложба на оружје, при што загинаа најмалку 10 лица, а околу 100 беа повредени, според главниот украински обвинител Руслан Кравченко. Производителите на оружје и властите подоцна потврдија дека нападот бил насочен кон изложба на оружје. Извештаите за нападот првично ги […]

„Развод на векот“: Шефот на јужнокорејски конгломерат мора да ѝ плати 644 милиони долари на поранешната сопруга


Извршниот директор на јужнокорејскиот бизнис гигант SK Group доби судска наредба да ѝ исплати на својата поранешна сопруга 944 милијарди вони (околу 644 милиони долари) во случај што локалните медиуми го нарекоа „развод на векот“. Сумата, која сè уште не е конечна, е помала од 1,38 трилиони вони што извршниот директор Чеј Тае-вон првично требаше […]

Поранешниот градоначалник на Приштина, Ахмети, осуден на две години затвор – не пријавил 172.600 евра


 Основниот суд во Приштина го осуди поранешниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, на две години затвор и глоба од 5.000 евра за непријавување на целиот свој имот за време на неговиот мандат. Затворската казна ќе се издржи откога пресудата ќе стане правосилна, а глобата мора да се плати во рок од три месеци од правосилноста […]

Не може само да се издаваат соби и апартмани – треба да се плати и данок


 Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. – Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат […]

Просечната нето-плата во Србија во мај била 1.008 евра, половина од вработените примале до 794 евра


Во Србија, просечната (бруто) плата во мај оваа година изнесувала 163.470 динари (околу 1392 евра, заб.), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 118.398 динари (околу 1.008 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за мај 2026 година била номинално повисока за […]

Радовишанец повеќе од една година живеел со девојче и го силувал


Злоставувач од Радовишко бил уапсен бидејќи повеќе од една година живеел со девојче и неколкупати ја силувал. „Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години“, соопшти Министерството […]

Македонскиот рубин ќе се промовира и преку Центар за промоција на геонаследството


По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на […]

„Пошта“ проработи по три дена прекин, ги изнервирал Апасиев


Од Македонска пошта стигна известување дека работата е нормализирана, откако Димитар Апасиев реагираше за нејзиното неработење на социјалните мрежи. Причина што три дена не се примаа пратки било невремето. „Кога Димитар Апасиев нема факти, прибегнува кон лаги, навреди и евтин популизам. Да, Поштата три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги […]

По 10 години затвор за тројцата кавадарчани кои до смрт претепаа маж пред казино


Основниот суд во Кавадарци ги прогласи за виновни тројцата кавадарчани обвинети за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи пред казино во центарот на градот во август минатата година. Обвинетите Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28), сите од Кавадарци, добија затворски казни од по 10 години за кривично дело „убиство“ според член 123 став […]

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош


Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од […]