„Тие сцени не припаѓаат на фудбалот“: Де ла Фуенте прозборе за инцидентот на финалето


Селекторот на Шпанија, новиот светски првак Луис Де ла Фуенте за прв пат јавно прозборе и за инцидентот, кој се случи по завршувањето на финалниот натпревар против Аргентина на стадионот во Њу Џерси.

–  Во моментите додека го славевме триумфот и не бев свесен што навистина се случувало. Но, она што го видов e неприфатливо. Играчите кои ги предводи одличен тренер, сигурно и самите лошо се чувствуваат поради своите постапки, тие сцени не припаѓаат на фудбалот, изјави Де ла Фуенте.

Шпанија победи со голот на Феран Торес во продолжението и по вторпат стана светски првак, а по завршувањето Леандро Паредес имаше физички контакт со неколку шпански фудбалери, Молина го удри Родри, а помошникот тренер на Аргентина Фабијан Ајала го нападна Дани Олмо.

Де ла Фуенте во изјавата ги пофали своите репрезентативци кои останале мирни и покрај нападите и провокациите од страна на ривалите и покажале спортски дух.