Трамп најавува скорешен договор, Техеран сè уште нема донесено одлука


Надежите за мир меѓу Иран и Соединетите Држави денеска пораснаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу двете земји би можел да биде потпишан уште овој викенд, дури и покрај тоа што Техеран соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука. Договорот, доколку биде потврден, би бил најзначајниот дипломатски пробив досега за прекин […]

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија


Од денеска граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи кои имаат лиценца за „А1“ категорија, откако Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни предуслови за имплементација на законските измени. Од МВР информираат дека обуката за управување со мотоцикл од категоријата „А1“ (до […]

Најмногу дожд наврна во Тетово и во Крушево


Најмногу дожд во изминатото деноноќи наврна во Тетово и на Попова Шапка 16 литри на метар квадратен, 13 во Крушево, 12 во Берово, 11 во Куманово, а 10 во Штип, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен […]

Три деца и еден возрасен загинаа во сообраќајка во Холандија, возило удрило во група ученици на велосипеди


Три деца и едно возрасно лице загинаа откако автомобил удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија, соопшти полицијата. Несреќата се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во група од 14 ученици и двајца возрасни велосипедисти кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале […]

Светско првенство: Чесите поведоа, но Јужна Кореја на крајот славеше


Фудбалерите на Јужна Кореја ја победија Чешка со 2-1 во вториот натпревар од Светското првенство што се одржува во САД, Канада и Мексико. Чешка поведе со голот на Ладислав Крејчи во 59-тата минута, но Корејците го свртија резултатот со головите на Хванг Ин-беом во 67-мата минута и Хјеон-гју Ох во 80-тата минута. Натпреварот го одбележа […]

Судот дозволи администрацијата на Трамп привремено да продолжи со наплатата на царината од 10 проценти


Американски апелациски суд донесе пресуда со која засега и се дозволува на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со наплатата на десетпроцентна царина на глобалниот увоз. Апелацискиот суд надлежен за Федералниот округ – Вашингтон оцени дека федералната влада доставила доволно аргументи за да има изгледи за успех во спорот. Од 24 февруари 2026 година […]

Забрането капењето во Пефкохори, истекла канализација


Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод. Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и […]

„Спејс икс“ излегува на берза со рекордна проценета вредност


„Спејс икс“ (SPACEX) соопшти дека акциите на компанијата на Елон Маск ќе се продаваат за најмалку 135 долари кога ќе излезе на берза во петок, во она што се очекува да биде највредната иницијална јавна понуда (IPO) во историјата. Проценката е иста како онаа на компанијата за истражување на вселената и вештачка интелигенција поставена пред […]

Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја поради засилените украински напади


Воениот гувернер на украинскиот југоисточен регион Запорожје, Иван Федоров, денеска ги повика цивилите да ги напуштат териториите под руска окупација, во услови кога Киев ги интензивира нападите врз тие делови на земјата. Федоров преку „Телеграм“ соопшти дека украинските сили ја гаѓаат руската воена инфраструктура и линиите за снабдување во регионите Запорожје и Херсон. Истовремено, според […]

Почина тајландската принцеза Бајракитијабха по три години минати во кома


Тајландската принцеза Бајракитијабха, најстарата ќерка на кралот Маха Ваџиралонгкорн, почина на 47-годишна возраст, соопшти кралскиот двор. Принцезата, позната во Тајланд како „Ба“, починала мирно во Меморијалната болница „Крал Чулалонгкорн“ во Бангкок, по повеќе од три години поминати во кома откако колабираше во декември 2022 година. Нејзината здравствена состојба значително се влоши во мај годинава. Според […]

Багеи: Се согласивме на најголемиот дел од нацртот, нема компромис за „црвените линии“


Иран се согласи на најголемиот дел од нацртот за потенцијалниот договор со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, и истакна дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“. Багеи нагласи дека Иран сè уште нема донесено конечна одлука за договорот, додавајќи дека најголемиот дел од […]

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на 30 години затвор


Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година. Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично […]

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција


Во Истанбул денеска ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот се организира во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на […]

Дел од општина Центар без вода


Поради промена на противпожарен хидрант со пречник од 80 милиметри (ППХ Ф-80 мм) на улицата „Киро Крстевски Платник“ бр. 2 во општина Центар, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на делот од улица „Коле Неделковски“ на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до улицата „Киро Крстевски Платник“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – […]

Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето


Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се одржи Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето. Со  Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни […]

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура […]

Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз


Во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“-Скопјe денеска ќе се одржи Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз. Како што информираат организаторите, конференцијата има за цел да поттикне дијалог, соработка и размена на искуства меѓу сите чинители кои […]

Без струја повеќе делови од Скопје


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините  Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода.  Во периодот […]

Јубилејна изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“


НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, по повод 75 години од своето постоење, вечерва ја организира јубилејната изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“. Како што информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид информираат дека изложбата претставува избор од дела на значајни […]

Македонија домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4


Од денеска до 14 јуни, Македонија ќе биде домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4, кој претставува еден од најзначајните стручни настани во областа на денталната медицина во регионот. Меѓународниот конгрес е во организација на Стоматолошката комора на Македонија и за првпат под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Свеченото отворање на Конгресот ќе […]