Деветмина загинати во руски воздушни напади врз Киев и Харков, оштетена Киевско-печерската Лавра, еден од симболите на Украина


Девет лица, од кои пет во Харков и четири во Киев, загинаа во руски ракетни напади извршени во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните власти. Во нападите сериозно е оштетена и Киевско-печерската Лавра, манастир заштитен како светско културно наследство на УНЕСКО. Според информациите, по нападот избувнал пожар во комплексот. „Суров напад врз нашиот народ и […]

Мултимедијална изложба „Ткаени приказни – трансценденција на времето“


Мултимедијалната изложба „Ткаени приказни – трансценденција на времето“, проект на ЈНУ Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, финансиран од страна на Министрството за култура и туризам ќе биде отворена денеска во изложбениот простор на „Младинскиот културен центар“ – Скопје во 20 часот. Со посочениот проект, се наведува во соопштението на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – […]

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“


Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието со почеток во 10:00 часот. Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, […]

Шест лица загинаа во судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, меѓу патниците можеби бил и американски пејач и комичар


Најмалку шест лица загинаа при судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, додека полицијата проверува дали меѓу жртвите е и американскиот пејач и комичар Оливер Три. Несреќата се случила над квартот Рекреио дос Бандирантес, по што леталата се урнале на паркинг на автосалон во западниот дел на градот. При падот избувнал пожар, а биле […]

Пад на цените на нафтата по објавувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран


Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за […]

САД и Иран постигнаа договор што вклучува отворање на Ормускиот теснец


САД и Иран во неделата објавија дека постигнале договор со цел прекинување на непријателствата што ќе стапи на сила во петок. Целосниот текст сè уште не е објавен, а формална церемонија на потпишување е закажана за петок во Швајцарија. САД и Иран велат дека постигнале договор што ќе стапи на сила во петок. Претседателот Доналд […]

СП2026: Германија го декласираше дебитантот Курасао


Во воведниот натпревар од групата Ф на Светското фудбалско првенство, Германија вечерва ја оправда улогата на голем фаворит и убедливо го совлада дебитантот на мундијалските турнири Курасао со 7-1. Нмеча им донесе рано водство на Германците во 6 минута, но Комененција со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го израмни резултатот во 21 минута за […]

Јавна расправа за Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри


Во Собранието денеска Комисијата за финансирање и буџет се очекува да донесе одлука за одржување на јавна расправа по Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри.  Собранието во рамки на 104. пленарна седница минатата недела ја усвои потребата од носење на Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. […]

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до […]

Собранието ќе избира член на Судскиот совет


Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим […]

Јавна расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска организира јавна расправа Јавна расправа по Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност, во прво читање што беше доставен од Владата.  Законот се носи во редовна постапка и е на дневен ред на 104. планерна седница, која треба да продолжи денеска во 14:00 часот.  […]

14 јуни во историјата – Германските војски влегоа во Париз


  На 14 јуни 1940 година, парижаните се разбудија од звукот на глас со германски акцент кој преку звучници објавува дека е воведен полициски час од 20 часот таа вечер додека германските трупи влегуваа и го окупираа Париз. Британскиот премиер Винстон Черчил со денови се обидуваше да ја убеди француската влада да продолжи, да не […]

Израелските функционери „шокирани“ од критиките на Трамп кон Нетанјаху


  Израелските претставници биле „шокирани“ од јавната критика на американскиот претседател Доналд Трамп кон премиерот Бенјамин Нетанјаху и одлуката на Израел да ги нападне целите на Хезболах во Бејрут. Тие се сè повеќе загрижени дека потенцијалниот договор меѓу САД и Иран би можел остро да ја ограничи воената слобода на дејствување на Израел во Либан, […]

Украина и Молдавија утре ги почнуваат преговорите по кластери со ЕУ. Македонија остана со Босна


  Украина и Молдавија ќе направат одлучувачки чекор кон приклучување кон ЕУ во понеделник, кога ќе започнат со првата фаза од преговорите за членство. Почетокот на суштинските преговори во Луксембург ќе биде многу симболичен момент за двете земји кои беа дел од поранешниот Советски Сојуз. Ова доаѓа откако Русија го интензивираше бомбардирањето на украинските градови […]

Бродска несреќа кај Сплит: Во судир на катамаран и едрилица загинаа три лица. Сите Чеси


  Во водите на сплитскиот акваториум, помеѓу Милна на островот Брач ​​и островот Шолта, во неделата малку пред пладне се случи сериозна поморска несреќа, во која, според информациите потврдени од Сплитско-далматинската полициска управа, загинале три лица, а се бара едно. Како што се дознава, судирот меѓу катамаран и едрилица се случил под сè уште нејасни […]

Еди Рама ја нападна „Фламинго револуцијата“ како фaшистичка, а демонострантите ги нарече идиоти


  Албанскиот премиер Еди Рама во неделата остро ја критикуваше „Фламинго револуцијата“, споредувајќи го протестното движење со нацистичка Германија и нарекувајќи ги демонстрантите „ајван“ – навредлив термин што грубо значи „глупави како идиоти“ или „нецивилизирани луѓе“. „Ова е фашистичко, скандалозно е и мора да се запре“, рече Рама за време на неговиот поткаст во неделата. […]

Швајцарците го отфрлија предлогот државата да запре на 10 милиони


  Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на нивното население на 10 милиони, при што гласачите ја ставија економската стабилност и врските со Европската унија над загриженоста за имиграцијата, според прелиминарните резултати од референдумот, објави Ројтерс. Прелиминарната проценка објавена од националниот радиодифузер ЕРФ покажа дека околу 45 проценти од гласачите го поддржале предлогот, додека 55 […]

Филипче: Состојбата во земјоделството е алармантна


  Состојбата во земјоделството е алармантна,  земјоделците се соочуваат зголемени трошоци, намалени субвенции, ниски откупни цени, а дополнително откуп нема. Вака денеска се зборуваше на средбата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со повеќе земјоделци во Карбинци, кои се занимаваат со различно производство. „Ваков колапс и ваква негрижа немало никогаш во земјата. Огромни трошоци […]

Транспарентноста испорачува европски стандарди, вели Марјан Забрчанец


Клучен институционален стандард, а не партиско средство за политички маркетинг – вака експертот за стратешки комуникации, Марјан Забрчанец, ја дефинираше транспарентноста во разговор за порталот „48 часа“. Тој вели дека отвореноста на институциите има многу повисока, државничка цел од едноставното собирање евтини поени кај гласачите. Забрчанец потсетува на огромниот напредок што Македонија го забележа во […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го слави роденденот на стадионот во Струмица, па после ќе има промени во владата


  Прво мора да се одбележи родендентот на ВМРО-ДПМНЕ, а дури потоа ќе следат разговорите за реконструкција на владата. Таков распоред на настаните најави денеска премиерот и лидер на владејачката партија, Христијан Мицкоски, за динамиката на политичките настани. ВМРО-ДПМНЕ роденденот ќе го слави на 17 јуни на стадионот во Струмица. За време на пуштањето во […]